Прејди на содржината

Награда „Антев часовник“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменикот на Анте Поповски во Лазарополе

Награда „Антев часовник“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик од млад поет до 25 години. Воспоставена во чест на поетот Анте Поповски.

Наградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Симболиката на наградата е јасна: името на Поповски сведочи дека добитникот на наградата е Антев следбеник, а часовникот симболизира дека времето на младиот поет допрва доаѓа. и се состои за златник со ликот на поетот Анте Поповски.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Наградата „Антев часовник“ била востановена во 2019 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) на млад поет до 25 години со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите таленти. Нејзин прв добитник била поетесата Емануела Ковачевска.[1]

Досегашни добитници

[уреди | уреди извор]
Година Добитник Книга поезија
2019[1] Емануела Ковачевска Кожена душа
  1. 1,0 1,1 1,2 Наградата Антево перо за Александра Димитрова Архивирано на 20 јуни 2021 г. на семрежното место на Република