Андреја Дамјанов (награда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Андреја Дамјанов е македонска архитектонска награда која се доделува на архитект кој придонел за редот и развитокот на македонската архитектура.

Историја[уреди | уреди извор]

Востановена е во чест на големиот македонски и балкански градител од 19 век, Андреја Дамјанов[1]. Се доделува од 28 декември 1989 година, кога академикот Крум Томовски, свечено бил прогласен за прв лауреат[1]. Наградата ја доделува доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов[2]. Оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши оценувачка комисија составена од претседател и неколку членови. Комисијата на наградата објавува јавен повик на кој треба да се пријавата можните добитници. Може да конкурираат само државјаните на Македонија, дедека право на поднесување на предлози имаат само членовите на ААМ[3]. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска академија на ААМ. Од почетокот па во наредните 15 години, наградата се доделувала во велешката црква „Св. Пантелејмон“ (која е дело на Дамјанов), но од 2005 се доделува и во други цркви или објекти на големиот неимар[4].

Лауреати[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Дваесет Години награда „Андреја Дамјанов““ (македонски). еПорта. Сабота 14.02.2009. конс. 2009-12-27. 
  2. 2,0 2,1 „„Андреја Дамјанов” во рацете на архитект Александар Смилевски“ (македонски). еПорта. 2008. конс. 2009-12-27. 
  3. „ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на награда“ (македонски). Асоцијација на архитекти на Македонија. конс. 2009-12-27. 
  4. Ј, А. „РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА НАЈВИСОКОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА АРХИТЕКТУРА“, Вечер, 5 септември 2006 (посет. 27 декември 2009 г). (на македонски)
  5. „Борис Чипан“ (македонски). Енциклопедија на културното наследство на Струга. конс. 2009-12-27. 
  6. Дела од творештвото на архитектот Александар Серафимовски“, Дневник (посет. 27 декември 2009 г). (на македонски)
  7. Наградата "Андреја Дамјанов" за Живко Поповски“, Утрински Весник, 2002 (посет. 27 декември 2009 г). (на македонски)
  8. Наградата „Андреја Дамјанов“ за Драган Томовски“, Време, 10 јули 2004 (посет. 27 декември 2009 г). (на македонски)
  9. „МАЛ ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ НА АРХИТЕКТКАТА ВАСИЛКА ЛАДИНСКА“ (македонски). еПорта. конс. 2009-12-27. 
  10. „Архитектот Александар Никољски добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2006“ (македонски). Канал 5. 06.10.2006. конс. 2009-12-27. 
  11. НАГРАДАТА Е ГОЛЕМА ГОРДОСТ И ПОТВРДА ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД
  12. Климент Заров - добитник на наградата „Андреја Дамјанов““, Нова Македонија, петок 30.10.2009 (посет. 27 декември 2009 г). (на македонски)
  13. Олга Папеш достојна добитничка на наградата „Андреја Дамјанов“
  14. ААМ ја додели овогодинешната награда за животно дело
  15. Крсто Тодоровски,добитник на наградата „Андреја Дамјанов“
  16. ААМ: Михаил Токарев добитник на наградата “Андреја Дамјанов“
  17. ИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ ВЕРА ЌОСЕВСКА, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО "АНДРЕА ДАМЈАНОВ" -АРХИТЕКТИТЕ ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ МИНАТОТО, НО ДА ГЛЕДААТ КОН ИДНИНАТА
  18. Архитектот Мартин Гулевски добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015 година
  19. Наградата „Андреја Дамјанов“ за 2016 година му припадна на архитект Радован Раѓеновиќ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]