Аелита (награда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Награда „Аелита“)

Наградата „Аелита“ е награда за писатели на научна фантастика основана од Сојузот на писатели на Руската Федерација (поранешен Советски Сојуз на писатели) и списанието „Уралски сладопит“ во 1981 година. Името го добила по рускиот научен фантастичен роман „Аелита“. Наградата се доделува за време на советската/руска конвенција за научна фантастика.

Во 1989 година, наградата „Старт“ ја создале како награда за второпласирани „Аелита“.

Голем број други награди се доделуваат заедно со наградата Аелита. Тука спаѓаат:

Меморијалната награда „Иван Јефремов“, го носи името во чест на писателот на научна фантастика и палеонтологот Иван Јефремов (1908-1972) и се доделува за голем придонес во развојот на советските студии за научна фантастика.

Меморијалната награда на Виталиј Бугров е именувана и се доделува во чест на писателот, уредник и критичар на научна фантастика Виталиј Бугров (1938-1994) за голем придонес во пишувањето на збирки раскази и белетристички дела.

„Орденот на витези“ од научна фантастика и фантазија се доделува за голем придонес за руската фантазија.

Наградата „Европа-Азија“ се доделува за писатели кои ги претставуваат Екатеринбург и Урал во своето пишување.

„Орденот на добрина и светлина“ се доделува на писатели кои во своите дела промовираат идеи за хуманост, љубезност и позитивен став кон човештвото. Наградата „Магистер на научна фантастика и фантазија“ е како наградата „Гранд мајстор“ која се доделува на писатели на научна фантастика на Америка (СФВА).

Добитници на наградата Аелита[уреди | уреди извор]

Почесни добитници на наградата[уреди | уреди извор]

Добитници на меморијалната награда Иван Јефремов[уреди | уреди извор]

Добитници на Меморијалната награда Виталиј Бугров[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Енциклопедија на научна фантастика, Питер Николс и Џон Клиут, изд. Лондон: Гранада, 1979 година
  • Награди за научна фантастика и фантазија на Реџиналд, дело на Дерил Ф.Малет и Роберт Реџиналд. Сан Бернардино, Калифорнија: Борго Прес, 1991, 1993, 2013 година.