Навреме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Навреме,претходно насловен како Сега и Jас сум смртник 2011 е научна фантастика-трилер, филм во кој глумат Џастин Тимберлејк, Аманда Сејфрид,Силиан Марфи , Оливија Вајлд, Алекс Петифер, Џони Галецки, и Винсент Картајсер.Филмот напишан,режиран и продуциран од Ендрју Никол беше објавен на 28 октомври 2011


Синопсис

Во 2161 со генетска промена е дозволено човештвото да престане да старее на 25,но од луѓето се бара да заработат повеќе време по наполнување на 25 години или умираат во рок од една година.Времето за живот кое може да се пренеси помеѓу поединците ги замени парите и времетраењето и е прикажано на имплант на долниот дел на раката кај луѓето. Кога часовникот ќе достигне нула, човекот умира веднаш. Општество се дели со општествени класи кои живеат во специјализирани градови нарекувани "Временски зони".Сиромашните живеат во гета на Дејтон каде што преовладуваат млади кои мораат да работат секој ден за да заработат неколку часа живот кои исто така се користат како платежно средство за секојдневните потребни работи. Богатите живеат во луксузен град наречен Нов Гринич, во кој доминираат средовечни и постари.Тие возат брзи електрични автомобили и можат да живеат со векови, 28 годишниот Вил Салас(Џастин Тимберлејк) работник во фабрика живее со својата мајка Рејчел( Оливија Вајлд) во гето. Еден ден, го спасува богатиот 105-годишниот Хенри Хамилтон (Мет Бомер) од грабеж во еден бар каде што се истакнуваше со своето време преку купување пијалоци за луѓето. Хамилтон е нападнат од Фортис (Алекс Петифер), постар Британец мафијаш, шеф на средовечна банда наречена Minutemen . Вил го носи Хамилтон на безбедно,каде Хамилтон вели "За неколку да живеат вечно многу мора да умрат" иако во суштина има доволно време за сите да живеат полн живот , но е складирано за богатите да станат бесмртни. Вознемирен Вил тврди дека никој не смее да умре пред своето време природно да заврши, за другите да живеат , по што Хамилтон опишува како тој веќе нема ни желба за живот велејќи "Телото можеби не се заморува но мозокот се заморува. Ние сакаме, ние имаме потреба да умриме ! Подоцна таа ноќ Хамилтон пренесува 116 години на заспаниот Вил оставајќи си само 5 минути за себе , кои ги користи за да оди и седни на работ на мостот. Како времето истекува Хамилтон паѓа во реката. Вил пристигнува предоцна за да го спаси, сфаќа дека е снимен од блискиот видео надзор и бега од областа. Постојните полициски сили таканаречените Чувари на времето имаат различни теории за смртта на Хамилтон. Еден млад чувар правилно претпоставува дека времето му истекло осносно се самоубил, но ветеранот Временски чувар Рејмонд Леон (Силиан Марфи) е убеден дека е убиен од страна на жител на Дејтон. Вил чекајќи ја мајка си на автобуска станица открива дека таа нема доволно време да си плати за нејзината вообичаено возење бидејќи цената ненадејно пораснала. Тој брза по улица за да ја најди. Се сретнуваат еден со друг, но иако таа трчајќи се фрла во неговите раце , нејзиното време истекува пред синот да и помогни и таа умира во неговите раце. Сеќавајќи се на она што Хамилтон го изјави за нееднаквоста на временскиот систем , Вил одлучува да бараат одмазда, и заминува за Нов Гринич, во временската зона на богатите , со повеќе од еден век на неговиот часовник. По пристигнувањето, тој влегува во казино, каде што запознава стар милионер , бизнисмен кој се занимава со позајмување на време Филип Вајс(Винсент Картејсер) и неговата ќерка Силвија (Аманда Сејфрид).Силвија станува заинтересирана за Вил по тензична партија покер кога Вил го победува нејзиниот татко за само една секунда пред да му истечи времето на неговиот часовник и таа го поканува Вил на забава во вилата на нејзиниот татко. Во куќата Вил е приведен од страна на Леон, кој му конфискува голем дел од неговото време, но Вил бега земајќи ја Силвија за заложник. Враќајки се во гетото со неа запаѓа во заседа на Фортис кој се разочарува кога ќе открие дека несовесниот Вил кој беше сопственик на времето на Хамилтон , кое го изгубил краде голем дел од времето на Силвија ,не успеа да го доземе последниот пола саат бидејќи требаше да пристигнат Временските чувари и тие мораа да го напуштат местото на настанот. Вил успева да ја доведе при свест Силвија и дава нешто од неговото преостанато време и и дава инструкции за да може да се вратат во неговата стара населба.Прво го посетуваат Борел (пријател на Вил) за да добие малку време од времето кое тој им го даде претходно , но дознава од неговата ожалостена сопруга дека Борел се опијанил до смрт со 9 години време на неговиот часовник. Силвија го заложува својот накит за цена од 2 дена. Подоцна наоѓаат засолниште и Вил решава да се јави кај Вајс барајќи 1000 години да бидат дистрибуирани за луѓето во гетото како откуп за Силвија. Преку телефонскиот повик Леон ја открива локацијата и ги испраќа во Дејтон на извршување на задачата. Следниот ден како што се подготвува за ослободување на Силвија открива дека Вајс не го платил откупот , но одлучува без разлика на се да ја пушти Силвија. Леон се појавува и самошто не го убива Вил но погоден е во рамото од Силвија. Вил пренесува 4 часа од неговото време на разоружанот Леон за да може да стигни до Дејтон пред неговото време да истече. Вил и Силвија бегаат со автомобилот на Леон. Подоцна Вил и вели дека сеуште има шанса да се извлече од ситуацијата но таа одлучува да остане со него велејќи му дека нејзиниот живот во Нов Гринич нема цел. Започнуваат серија грабежи на Временски банки крадејќи временски капсули каде се чува времето и ги даваат на сиромашните, а за нивните глави се нудеа 10 години. Фортис на крај ги сретнува по втор пат Вил и Силвија и го предизвикува Вил на временска борба. Вил доминира во борбата со техника што ја научил од неговиот починат татко, тогаш пукаат остатокот од бандата Minutemen , Фортис умира во борбата и останатото време му се префрла на Вил. Вил и Силвија сфаќаат дека нивните претходни напори биле залудни и богатите имаат моќ едноставно да ги зголемат трошоците за живеење во гетата за одржување статус кво . Тие успеваат да украдат милион години во временска капсула од приватни седишта - Вајс избегнувајќи ги сите пречки на патот и стигнуваат во Дејтон. По пристигнувањето Леон се судира со автомобилот во автомобилот на Вил , но Вил ја дава временската капсула на малечко девојче кое потоа ја дистрибуира меѓу луѓето. Леон на крај ги фаќа Вил и Силвија на крајот од градот држејќи ги на нишан. Вил на шега го прашува Леон да врати нешто од времето што тој претходно му го позајмил за да можат да преживеат до нивното погубување. Леон сфаќа дека пропуштил да го надополни своето време пред да замине по нив и умира. На Вил и Силвија им остануваат секунди за живеење , Вил трча до автомобилот на Леон зема од распределеното време и и пренесува на Силвија секунда пред таа да умре со сцена која ја отсликува смртта на мајка му. Вил и Силвија продолжија со ограбување на банките како дел од нивните напори да се сруши системот, сега кога откупот на нивните глави порасна на 100 години, додека богатите се обидуваа да се справат со напливот на луѓе од гетата кои сега имаат доволно време за да ја сменат временската зона. На вести ги покажуваат фабрики и фабриката во која Вил работеше дека веќе не се во функција.

Улоги: Џастин Тимберлејк –Вил Салас Аманда Сејфрид-Силвиа Вејс Силиан Марфи-Временски чувар Рејмонд Леон Оливија Вајлд-Рејчел Салас Мет Бомер-Хенри Хамилтон Кристијанн Кастелано-Јасмин Алекс Петифер-Фортис Ла монд Бирд-Минутеман Радо Пол Давид Стори-Минутемен Рот Џони Галечки-Борел Винсент Картејсер-Филип Вајс Рејчел Робертс-Карера Итан Пек-Константин Јаја ДаКоста-Грета Август Емерсон-Леви ,свештеникот Саша Пивоварова-Клара Бела Хеаткоте-Мишел Вајс Тоби Хемингвеј-Временски чувар Корс Џесика Паркер Кенеди-Едуарда Колинс Пени-Временски чувар Џегер Кристоф Сандерс-Никсон Фај Кингсли-Временски чувар Џин

Плагијаторска парница

Според The Hollywood Reporter на 15 септември 2011 беше покрената тужба од правниот застапник на писателот на научна фантастика Харлан Елисон дека заплетот на филмот се заснова на неговата приказна добитник на награда 1965 ," Покајте се, Арлекин! "Рече Тиктоман ". Тужбата именувана како New Regency и режисерот Ендрју Никол , како и голем број анонимни Џон Дас,се чини дека основата на нивното тврдење ја засноваат на сличноста дека и филмот и приказната на Елисон се интересира за дистопска иднина во која луѓето имаат одредено време за живеење кое може да биде повлечено од одредени дадени околности признат авторитет познат како чувар на време. На почетокот во тужбата се бараше забрана за пуштање на филмот,меѓутоа подоцна Елисон ја измени неговата тужба во замена барајќи одредена сума пред конечно да се отфрли тужбата со ослободување на двете страни со следнава изјава: "По гледањето на филмот Навреме Харлан Елисон одлучи доброволно да ја отфрли акцијата. Нема ветување за никакви исплати ниту пак се исплатени пари на Харлан Елисон. Двете страни си посакаа добро и повеќе не даваа изјави за тоа.


Продукција

На 12 јули 2010 година,беше објавено дека на Аманда Сејфрид и беше понудена главна улога. На 27 јуни 2010 година беше потврдено дека и на Џастин Тимберлејк му беше понудена главна улога. На 9 август 2010 беше потврдено дека се вклучува и Силиан Марфи. Првите слики од сетот беа објавени на 28 октомври 2010 година. 20th Century Fox и New Regency го дистрибуираа филмот а Марк Абрахам и Ерик Newman's Strike Entertainment на Ерик Њуман го продуцираа. Во интервју со Кристофер Таплеј за InContention.com Роџер Дикинс изјави дека ќе го снима филмот дигитално, што го прави овој првиот филм сниман дигитално од ветеранот кинематограф. Сцените во Дејтон главно се снимени во Skid Row и во Boyle Heights населби во Лос Анџелес, додека за Нов Гринич сцените се снимени главно во Century City, Bel Air и Malibu.


Прием

Филмот доби мешани критики од критичарите. Критичарот на Rotten Tomatoes reports напишал дека 38% од 138 критичари дале позитивни критики со рејтинг просек од 5,2 од 10. Консензусот на веб страницата е: Интригантниот повик за кастинг на In Time е лесно совладлив од подуените филмаџии, кои имаат остар и тежок пристап за раскажување. Metacritic кои му доделија тежок просечен скор од 100 прегледи од главните критичари и им дадоа резултат од 53 врз основа на 36 прегледи. Според анкетите на CinemaScore просечната оценка која филмските гуруа ја дадоа беше 4- на скала од 1 до 5.

Благајни

Филмот освои трето место, зад Мачорот во чизми и Паранормална активност 3 со 12 милиони долари. Филмот направи скоро 105 милиони долари ширум светот (33 милиони на домашниот пазар.