Навово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Навово
Наово
Навово се наоѓа во Republic of Macedonia
Навово
Местоположба на Навово во Македонија
Координати 41°56′18.96″ СГШ 21°34′45.84″ ИГД / 
Регион Скопски
Општина Петровец
Население нема жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 222 м


Навово или Наово — историско село на територијата на денешна Општина Петровец, во југоисточниот дел на Скопскиот регион. Денес местото се наоѓа близу границите на општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром. На местото на селото денес има ниви.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Скопска Блатија, североисточно од Скопје. Најблиски населени места се Огњанци (на 2 км) и Петровец.

Историја[уреди | уреди извор]

XIX век[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Навово живеат 50 Македонци-христијани.[1][2]

XX век[уреди | уреди извор]

Во 1905 г. според Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Наово (Naovo) има 32 Македонци и 6 Роми.[1][3] По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија, како и остатокот од територијата на денешна Република Македонија.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Навово (Navovo) како село со нејасен етнички состав.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. К’нчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 207
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 114-115.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927