Навагрудски замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Навагрудски замок
Навагрудскі замак
Novogrudok ruin.jpg
Остатоци од Навагрудскиот замок (2004)
Општи податоци
ГрадНавагрудак
ЗемјаБелорусија
Почнатасредина на 13 век
Урнатапочеток на 18 век

Навагрудски замок (белоруски: Навагрудскі замак; руски: Новогрудский замок) – замок од XIII век во западниот дел на Белорусија. Истиот е во руинирана состојба.

Замокот бил граден од средината на 13 век до почетокот на 16 век на падините на Замкавска Гора, на подрачјето на денешниот град Навагрудак во Гродњенската Област. Граден бил како главен одбранбен беден на средновековниот град Навагрудак кој во пишаните извори се спомнува уште во почетокот на 11 век. Се смета за едно од најголемите утврдувања од тој вид на подрачјето на Белорусија. Додека постоел имал 7 кули и се наоѓал на возвишението над градот од каде имало чист поглед на околината.

Според некои историски извори (несигурни), во Навагрудак бил крунисан првиот големиот кнез на Литванија Миндаугас, кој со земјата владеел токму од овој град.[1]

Во 1314 година, токму тука кнезот Давди Гродњенски ја поразил војската на германските тевтонски витези. Во 1422 година, во замокот се венчал тогаш 73-годишниот полски крал Владислав II Јагело со 16-годишната Софија Гољшанска (негова 4. и последна сопруга), родоначалничка на династијата Јагелонци.

Во текот на 16 век, замокот во неколку наврати безуспешно го опсадувале кримските Татари. Замокот делумно бил срушен во текот на Руско-полски војни од 1654 до 1667 година. Замокот конечно бил разрушен од страна на Швеѓаните во текот на Големата северна војна (1700-1721).

Пообемна реконструкција на замокот започнала во текот на 2011 година и било планирано во текот на наредните 5 години замокот да биде целосно обновен.[2]

Навагрудскиот замок се наоѓа на списокот на културно-историски споменици од исклучително значење за Република Белорусија (под шифра 411Г000404).[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]