Прејди на содржината

НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип“

Координати: 41°44′09″N 22°11′41″E / 41.73588° СГШ; 22.19464° ИГД / 41.73588; 22.19464
Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија е за националната и универзитетска библиотека. За универзитетската библиотека при Универзитетот „Гоце Делчев“, видете Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ (Штип).

Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“
Поглед кон градбата
Карта
Основана1946; пред 78 години (1946)
Местоул. „Вита Поп Јорданова“ бр.5, Штип, Македонија
Координати41°44′09″N 22°11′41″E / 41.73588° СГШ; 22.19464° ИГД / 41.73588; 22.19464
Огранок наМинистерство за култура
Службена страницаnuubgdst.mk
Карта


Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“библиотека која се наоѓа во Штип, Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]
Влезот на библиотеката.

Историските извори говорат дека библиотекарската дејност во Штип започнала со основањето на читалиштето „Дејателност“ во 1872 година.[1]. Во сложени општествено-историски околности штипските еснафи согледувајќи ја потребата за духовна надградба и описменување на своите сограѓани, со свои средства го помогнале создавањето на ова читалиште.

Таа искра што ја запалила првата читална останала да тлее, така што сите подоцнежни училишта во Штип и Ново Село имале свои мали библиотеки. Тие училишни библиотеки развиле мошне богата активност особено во времето на учителствувањето најпрво на истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров, а потоа и на апостолот на македонското револуционерно движење - Гоце Делчев.

Меѓу двете светски војни во Штип постоела мала библиотека со скромен фонд на книги.

Во 1941 година, за време на бугарската окупација на Штип била отворена библиотека со читална. Но, по двомесечна работа било забрането нејзиното постоење.

По Втората светска војна, во 1946 год. била создадена библиотеката „Гоце Делчев“. Во почетокот книгите биле обезбедени со донирање од приватни, домашни библиотеки. На таков начин биле собрани околу 700 до 900 книги што било добро за отпочнување на библиотекарската дејност.

Новата градба во кој и денес функционира НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип, на свечен начин бил предадена во употреба на 4 мај 1978 год.

Ова одделение располага со огромен број материјали: книги, брошури, докторски дисертации, магистерски теми, сепарати и учебници, публикации и зборници кои зборуваат за огромниот потенцијал на штипските автори. Во таа смисла треба да се споменат првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, академиците Михајло Апостолски, Ацо Шопов, Јордан Поп Јорданов, Никола Кљусев како и многубројни универзитетски професори и научни работници.[2]

На 13 март 2013 година, со Решението за недвижно културно наследство ex-lege Уп. 18-175, зградата на библиотеката добила заштитен статус како Споменик на културата.[3]

Митровденски средби

[уреди | уреди извор]

Митровденските средби, целосен назив Митровденски средби на доктори на науки, се промоции на доктори на науки со потекло од Штип и Штип, почнувајќи од 2002 година. Тие се организираат на 8 ноември (Митровден), кој е воедно и Денот на ослободувањето на Штип и влегуваат во официјалната програма на Општина Штип.[4] Согласно до 2019 година, биле промовирани 201 доктор на науки.[5]

  1. 70 ГОДИНИ БИБЛИОТЕКА. Штип: НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“-Штип. 2016. стр. 9. ISBN 978-608-242-040-0. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Историјат“. НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип. Посетено на 12 март 2021.
  3. „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Скопје: Управа за заштита на културното наследство. февруари 2023. стр. 130. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 18 октомври 2023.
  4. Лазарева, Наташа (2020). Овековечување на Митровденските средби на доктори на науки: 2002-2019. Штип: НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип. стр. 278. ISBN 9786082421032.
  5. Лазарева, Наташа (2020). Овековечување на Митровденските сребди на доктори на науки: 2002-2019. Штип: НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип. стр. 277. ISBN 9786082421032.