НИ врата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од НИ капија)
ВЛЕЗ
A   B
ИЗЛЕЗ
A НИ B
0 0 1
0 1 1
1 0 1
1 1 0

НИ врата, НИ коло или НИ капија (англиски: NAND gate) - дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се појавува логичка нула „0“ само ако двата влеза се во состојба на логичка единица „1“.

НИ вратите се универзални (заедно со НИЛИ вратите) бидејќи сите функции на Буловата алгебра можат да се извршат со НИ врати. На пример, логичката И функција се постигнува со спојување други НИ врати на кои кратко им се споени влезовите (па работат како НЕ врата (инвертор)) на излезот на првите НИ логички врати.

Симболи[уреди | уреди извор]

Постојат 2 симбола за НИ коло, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).

Обичен НИ симбол
Правоаголен НИ симбол

Хардверски опис и распоред на пиновите[уреди | уреди извор]

НИ вратата е основна логичка врата и како таква постои во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.

Пример на четирикратна НИ врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата. Двата слободни пина се користат за напојување на интегралното коло.

Оваа слика прикажува НИ врата во склоп на интегралното коло ЦМОС 4011.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]