Мјуриел Кенет Велс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мјуриел Кенет Велс (9 јуни 19138 август 2009) — ирско-канадска математичарка, првата жена од Ирска која се стекнала со звање доктор на теоретска математика.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роддена е како Мјуриел Кенет на 9 јуни 1913 година во Белфаст. Во 1914 година, нејзината мајка се преселила во Ванкувер и потоа се премажила, а Мјуриел го зела новото презиме Велс, според кое и станала позната.[3]

Образованието го стекнува на Универзитетот Британска Колумбија (дипломирала во 1934 година, а станала магистер во 1937 година.[4]. Во 1941 година, стекнува звање доктор на науки на Универзитетот во Торонто со одбрана на докторската дисертација: Теорија на алгебриските функции, врз основа на употреба на циклуси под менторство на Семјуел Бити,[5] кој е прв човек кој стекнал докторско звање во математичката наука во Канада, во 1915 година.[6]

Мјуриел Кенет Велс во 1940-те години работела во Торонто и Монтреал со атомска енергија, а во 1949 година се повлекла во Ванкувер, каде работела во бродската компанија на својот очув.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The First Irish Woman with a Doctorate in Maths Mathematics Ireland
  2. The first woman born and brought up in Ireland to get a PhD in mathematical science–as opposed to pure mathematics–was Sheila Tinney, in 1941.
  3. 3,0 3,1 Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Мјуриел Кенет Велс“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
  4. Determination of Bases for Certain Quartic Number Fields, University of British Columbia (1937)
  5. Theory Of Algebraic Functions Based On The Use Of Cycles, Pamphlet, Trans Royal Society of Canada (1944), ASIN: B00KJ0XT04
  6. Samuel Beatty MacTutor History of Mathematics archive, University of St Andrews.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]