Прејди на содржината

Мјанво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мјанво
Чинија со крофнички мјанво од Вухан
РегионВухан

Мјанво е пржена закуска во форма на крофна од Вухан во провинцијата Хубеи во централна Кина. Се прави од млеко од соја, оризово млеко, брашно, сусам и сечкан кинески млад кромид. Обично има солен вкус, но послатка варијанта може да се направи со исечен сладок компир.

Потеклото на мјанво не се знае, но традиционално се смета дека е од ерата Гуангсу од династијата Чјинг (1875–1909). Еден локален производител на колачи од сусам, Чанг Зирен, наводно го создал првиот мјанво додека експериментирал со нови сорти на колачи со семе.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Mianwo (round and thin fried dough with a crispy center)“. Wuhan Municipal Government. 26 September 2007. Архивирано од изворникот на 5 October 2011. Посетено на 2 April 2020.