Амолјани

Координати: 40°19.58′N 23°55.17′E / 40.32633° СГШ; 23.91950° ИГД / 40.32633; 23.91950
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Муљани)
Амолјани
Αμμουλιανή
Поглед на Амолјани
Поглед на Амолјани
Амолјани is located in Грција
Амолјани
Амолјани
Местоположба во областа
Амолјани во рамките на Аристотел (општина)
Амолјани
Местоположба на Амолјани во Леринскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°19.58′N 23°55.17′E / 40.32633° СГШ; 23.91950° ИГД / 40.32633; 23.91950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидички
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Надм. вис.&100000000000000050000005 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно529
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Улица во с. Амолјани.

Амолјани или Амулјани (грчки: Αμμουλιανή) — остров и село во Лариговско, Егејска Македонија, денес во општината Аристотел на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото Амолјани брои 529 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Островот се наоѓа во северозападниот крај на Светогорскиот Залив, меѓу вториот и третиот крак на полуостровот Халкидик. Оддалечен е 3 морски милји од пристаништето Трипити на Светогорскиот Полуостров.[2]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името води потекло од македонскиот поим *Молјане од топонимот или хидронимот Мол, изведен од мол-, во подмол, „дупка во брег под водата“. Од овој корен се поимот мил (слично на тиња) и имињата на селата во Вардарска Македонија како Подмол (во Прилепско) и Подмоље (во Охридско). Сето ова укажува на словенското/македонското минато на островот.

Историја[уреди | уреди извор]

Островот во минатото бил метох (посед) на еден од светогорските манастири.[3] Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1860 г.[4]

По Балканските војни во 1913 г. островот е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1922 г. тука се доведени грчки доселеници од Мала Азија и островите Мраморното Море — Галими, Пасалимани и Скупија.[2] Во 1928 г. Амолјани е заведено како доселеничко место со 496 жители од 145 семејства.[5]

Во 1940 г. Амолјани имало 613 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 536.[3] Во 1961 г. броело 554 лица, а во 1971 г. имало 554 жители, за во 1981 г. да се смалат на 449. На пописот од 1991 г. е забележан пораст на 606 жители, но населението подоцна повторно опаднало, и тоа на 542 во 2001 и 529 во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 613 536 554 445 499 606 542 529
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Покрај рибарството, маслинкарството и овоштарството, населението се занимава со туризам, кој е најдоходовната гранка.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Νήσος Αμμουλιανή“. Δήμος Αριστοτέλη. Посетено на 21 јуни 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 357.
  4. „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 7 јуни 2014.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]