Мухамед Зеќири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мухамед Зеќири
Мухамед Зеќири.jpg
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
30 декември 2016 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 10 март 1979
Скопје, Република Македонија
Националност Албанец
Партија СДСМ
Установа Универзитет на Југоисточна Европа
Професија новинар
Вероисповед Ислам

Мухамед Зеќири (10 март 1979 во Скопје) — македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата.[1] Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.[2]

Зеќири во март 2006 година станал главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат останал до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде бил уредник на вестите до септември 2016.[3] Тој по 18 години во новинарството ја напуштил професијата и се зачленил во СДСМ. Бил кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освоила осум мандати.[4] Зеќири зборува албански, македонски, англиски, српски, и хрватски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]