Муса Али

Координати: 12°28′07″N 42°24′15″E / 12.46861° СГШ; 42.40417° ИГД / 12.46861; 42.40417
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Муса Али (вулкан))
Муса Али
موسى علي
Муса Али од Џибути.
Највисока точка
Надм. вис.2021 до 2028 м [1][2]
Истакнатост1607 м [1][3]
Заведена какоСписок на земји по највисока точка
Ultra
Координати12°28′07″N 42°24′15″E / 12.46861° СГШ; 42.40417° ИГД / 12.46861; 42.40417[1]
Географија
Муса Али
موسى علي на карта

Карта

МестоТаџура, Џибути /
Црвено Море, Еритреја /
Афар, Етиопија
Матичен венецДенакил[3]
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувхолоцен
Искачување
Прво освојување1841

Муса Али (арапски: موسى علي) — стратовулкан од 2021 метри (6,631 стапки), кој се наоѓа на тромеѓата во Етиопија, Еритреја и Џибути. Вулканот е највисока точка во Џибути. Самиот врв на вулканот е скратен со купа, која содржи риолитички куполи од лава и лавини текови. Последната позната ерупција се случила пред ерата на Холоценот.

Муса Али се наоѓа во тромеѓата на регионот Таџура во Џибути, јужниот дел на Црвено Море во Еритреја и регионот Афар во Етиопија.

Географија[уреди | уреди извор]

Планината има два посебни врвови, повисокиот е јужниот со надморска височина од 2.021 метри. Северниот врв во Етиопија има височина од 1.871 метри. Двата врвови се одделени со голема купа, околу 1 километар и длабочина од 1514 метри. Муса Али, во северниот дел на регионот на Голема Раседна Долина, ја има Еритреја на северниот дел, Етиопија на запад, и Џибути на исток и југ. Џибутискиот град Дора е 36 километри јужно, етиопскиот вулкан Манда-Инакир е 22 километри југозападно, а патот од етиопскиот град Манда до еритрејското пристаниште Асаб е 19 километри северозападно.

Диви животни и флора[уреди | уреди извор]

Планината е дом на изобилство диви животни, бујна вегетација, цветни грмушки, дрвја и разни растенија.

Историја[уреди | уреди извор]

Двете секти од народот Афари живеат во оваа област. Позицијата на Али Муса како тромеѓа меѓу Етиопија, Еритреја и Џибути не е резултат на договорот помеѓу трите земји. Во декември 1948 британската администрација Еритреја одбила да присуствува на состанокот со другите две партии за да ја утврди точната локација на нивните тромеѓи, поставена во договорот од 1908. Британската администрација на Еритреја завршила во 1952 година, а со зголемувањето на етиопската администрација во текот на следната деценија, и инкорпорирање во Етиопија од 1962 до 1993 година, границата била внатрешна, а не интернационална. Во 2002 година, Комисијата за граници на Еритреја и Етиопија ја воспоставиле тројната точка на врвот на Муса Али. Етиопија притиснала за тоа да биде подалеку на исток, близу до Дадато во Џибути.

Клима[уреди | уреди извор]

Температурата на Муса Али обично се движи од 7 °C до 19 °C во декември и јануари и 14 °C до 29 °C од јуни до септември. Времето на планината може да биде многу непредвидливо.

Климатски податоци за Муса Али
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 19.4
(66.9)
23.5
(74.3)
25.7
(78.3)
27.1
(80.8)
28.2
(82.8)
29.1
(84.4)
29.4
(84.9)
28.3
(82.9)
27.5
(81.5)
25.4
(77.7)
23.3
(73.9)
21.1
(70)
25.67
(78.2)
Прос. ниска °C (°F) 7.7
(45.9)
9.1
(48.4)
10.7
(51.3)
11.4
(52.5)
12.7
(54.9)
13.8
(56.8)
14.7
(58.5)
13.0
(55.4)
12.3
(54.1)
10.7
(51.3)
9.5
(49.1)
9.0
(48.2)
11.22
(52.2)
Прос. дожд мм (ин) 5
(0.2)
6
(0.24)
11
(0.43)
34
(1.34)
39
(1.54)
6
(0.24)
6
(0.24)
53
(2.09)
47
(1.85)
13
(0.51)
9
(0.35)
13
(0.51)
242
(9.54)
Извор: World Weather

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Africa Ultra-Prominences, Peaklist.org, listed as "Moussa Ali Terara" Retrieved 29 September 2011
  2. „Mousa Ali“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2007-04-04. (англиски)
  3. 3,0 3,1 "Moussa Ali" on Peakbagger Retrieved 29 September 2011

Надворешни врски[уреди | уреди извор]