Мурена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Се вбројува во класата коскени риби, во поткласата зракоперкови риби, во редот јагуловидни риби и во фамилијата мурени. Постојат стотина видови мурени. Се среќаваат на коралните гребени и по должината на стрмните, карпести брегови на Атлантскиот, Индискиот и Тихиот Океан, како и во водите на Средоземното Море. Долга е околу еден метар. Но некои единки достигнуваат должина до три метри и тежина до 100 килограми. Медитеранската мурена се мрести од јули до септември и ги остава јајцата да пливаат по површината на водата се до нивното изведување. Малите, речиси проѕирни, странично сплеснати змиулести ларви се носени од брановите и водните струи.