Мурат Лабуништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мурат Лабуништа е контроверзен офицер на албанската монархија на чело со Ахмед Зогу. Тој е Торбеш, односно Македонец со исламска вера, во поново време претставен како Албанец. Роден е во село Лабуништа.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна станува апсолутен владетел на регионот во Струшко познат како Дримкол, на падините на планината Јабланица, населен со мнозинско торбешко население, со центар во село Лабуништа. Бил многу харизматична личност и голем воен стратег. На самиот почеток на војната, се вратил во Лабуништа и го организирал торбешкиот муслимански народ, создал своја војска исклучиво од Торбеши од дримколскиот крај, пред сè лабуништани. Бил член на главната команда на Големоалбанската националистичка организација „Бали Комбетаре“ (Bali Kombetare).

По доаѓањето во Лабуништа, формирал организација, наречена Чувари на правдата (Rrojtare te drejtesires) и имал блиски односи со Германците. Бил заштитник на Торбешите за време на војната, но исто така, го заштитувал христијанското население и не им дозволувал на Торбешите да се одмаздуваат на христијанското население за злосторствата што ги правела српската војска во ноември 1913 година, кога стрелале шест интелектуалци од Лабуништа, заедно со имамот на местото наречено Краста, а за што постоела желба за освета. Ова го потврдиле и самите живи христијани од тоа време. Бил непобедлив старешина и не дозволил на ниедна војска да влезе на негова територија. Партизаните му нуделе командно место на бригадите во Западна Македонија, но тој категорично ги одбивал, бидејќи бил голем противник на комунизмот и до крај останал лојален на албанскиот крал Ахмед Зогу. Целокупното торбешко население било вклучено во неговата војска.

Кога партизаните ги зазеле Охрид и Струга на 7-8 ноември 1944, веќе станало јасно дека се ближи крајот и на слободната територија на Торбешите. Меѓутоа, Мурат Лабуништа со војската успеал да се брани дури до 21 ноември водејќи жестоки битки со неколку партизански бригади кои биле пратени во Лабуништа.

Во борбите посебно се истакнала неговата жена која останала да им чува грб, сè додека неговата војска не се повлекла на територијата на Албанија. Само таа покосила десетици комунистички војници и се борела до смрт со партизаните. Поради штетата која им ја нанел на партизаните, бил нарекуван балистички ѕвер, па така за време на комунизмот никој не смеел да го спомене, за тоа веднаш следувало казна. Сепак, тој останува јунак на овој народ во Дримкол, без разлика дали се нарекува македонски, албански или торбешки.

Бил убиен во 1946 година од страна на албанските партизани, а по наредба на генерал-штабот на НОБ на Југославија на мостот кај селото Шупензи, близу градот Пешкопеја во денешна Албанија.

Поврзано[уреди | уреди извор]