Мурат Исаку

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мурат Исаку бил поет, раскажувач, романописец, драмски автор од албанската националност во Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Исаку е роден во с. Гајре, Тетовско на 15 април 1928 година. Починал на 24 август 2005 во Тетово. Завршил Филозофски факултет. Бил уредник во Македонската телевизија. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1966 година. Бил секретар на ДПМ. Автор е на книгите: Глас на шумата (поезија, 1960), Пладневни насмевки (поезија, 1963), Сонцето го знае својот пат (роман, 1964), Попладневни насмевки (поезија, 1966), Венец на земјата (поезија, 1968), Прстен на пустелија (раскази, 1971), Задоцнет огин (роман, 1973), Трески (поезија, 1975), Рани (роман, 1975), Прамен (раскази, 1978), Мост (поезија, 1982), Жед (роман, 1982), Ветрометина (раскази, 1982), Дамки (роман, 1986), Убава утеха (поезија, 1989), Бран (роман, 1989), Рецкајт (роман, 1989), Изневера (роман, 1991), Ориолика (поезија, 1994), Несреќници (роман, 1995), Некој копа на моето чело (поезија, 1999).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 103.