Мурат Мурати

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мурат Ќемал Мурати)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мурат Ќемал Мурати (албански; Murat Qemal Murati; Туин, кичевско, 12 јуни 1955) е македонски лингвист и албанолог.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мурати е роден во кичевското село Туин на 12 јуни 1955 година. Основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина, каде што и магистрирал и докторирал. Бил избран за надворешен соработник на Тетовскиот универзитет, како визитинг-професор по Дијалектологија и Историја на албанскиот јазик[1]. Работи како виш научен советник во Албанолошкиот институт во Приштина.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Има објавено повеќе од 150 научни трудови, статии и студии од потесната област на албанистиката.

  • Sllavizmat në të folmet shqipe në Maqedoni, Приштина, 1989;
  • Albanizmat në të maqedonase, Приштина, 1992;
  • Kokra urtësie për gjuhën, Тетово, 2001;
  • Fjalori i shqiptarëve të Maqedonisë, Приштина, 2002;
  • Fjalori idiomatik shqip-maqedonisht, Скопје, 2002;
  • Standardi gjuhësor dhe kultura e shprehjes, Приштина, 2004;
  • Bashkëmarrëdhëniet gjuhësore maqedonase-shqiptare, Тетово,2007.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A., Х. (14-12-2007). „Paditet Dekani i Pedagogjis Murat Murati, punëson vajzën jashtë ligjit“ (албански). Strudenti.info. конс. 2009-11-25.