Муратов Врв (Огражден)
Муратов Врв | |
---|---|
Муратов връх | |
Поглед на Муратов Врв од северозапад | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.398 м |
Координати | 41°28′39″N 22°58′37″E / 41.4775° СГШ; 22.9769° ИГД |
Друго име | Муратов връх |
Географија | |
Место | Петричко, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Огражден |
Муратов Врв (бугарски: Муратов връх) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија, недалеку од границата со Македонија. Се издига на висина од 1.398 м на главното планинско било југозападно од врвот Голак, од кој е одвоен со долината на реката Градешница. Врвот има конусен обли. Сртот е овенчан со множество карпести облици. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Врвот е обраснат со планинска тревна растителност. Северните, северозападните и западните падини се покриени со букови шуми, а источните и јужните се пошумени со бел бор. Во југоисточното подножје на Муратов Врв се наоѓа селото Кукурахцево.
Искачување
[уреди | уреди извор]Главно приоднос место за искачување на врвот е селото Гега, до кое оди асфалтиран пат. За време на т.н. „Преродбен процес“ на НР Бугарија врвот е преименуван во Игуменец, но ова име не успеало да се наметне врз мештаните и посетителите.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 366. ISBN 954-90006-1-3.