Мурасаки Шикибу
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Шикибу Мурасаки (родена во 973 г. во тогашниот главен град Кјото — почината во 1014 или 1025 г.) — поетеса, романописец и дама во придружба на царскиот двор за време на хејанскиот период.[1] Таа е најпозната како авторка на првиот роман во светот - „Приказна за Генџи“ (јапонски: 源氏物語), напишан на јапонски јазик помеѓу 1000 и 1012 година. Мурасаки Шикибу е псевдоним, а нејзиното лично име е непознато, иако некои сметаат дека било Фуџивара но Каоруко (藤原香子), споменато во дворски дневник од 1007 година како името на дама во придружба на царскиот двор.[2]
Литературата што ја пишувале хејанските дворски дами е призната како една од најраните, а делата се меѓу најдобрите литературни дела во јапонскиот канон.[3] Жените од Хејанскиот период традиционално биле исклучени од учењето и пишувањето на кинески јазик, пишаниот јазик на владата, но Мурасаки, израсната во домаќинството на нејзиниот ерудитивен татко, покажала рана склоност кон кинеските класици.[4]
Покрај „Приказна за Генџи“, познат бил и нејзиниот „Дневник на дамата Мурасаки“, а нејзината збирка поезија била изгубена.[5] Во рок од една деценија од завршувањето на романот „Приказна за Генџи“, тој бил дистрибуиран низ провинциите; Во рок од еден век, тој бил препознат како класик на јапонската литература и станал предмет на научна критика.[6] Делото го отсликува животот во Хејанскиот двор при неговиот врв. Почнувајќи од 13 век, нејзините дела биле илустрирани од многу јапонски уметници и познати мајстори на дрводелските укијо-е уметности.[7]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Во Приказна за Генџи, Мурасаки го опишала дворскиот живот, прикажан во оваа надворешна сцена насловена „Кралски излет“, од крајот на 16 век од Тоса Мицујоши.
- Укијо-е дело од Хирошиге, прикажува внатрешна дворска сцена од „Приказна за Генџи“.
- Во овој дрворез од 1795 година, Мурасаки е прикажана во разговор со пет машки дворски поети.
- Мурасаки е прикажана како пишува во Ишијама-дера на оваа слика од свила од крајот на 17 век од Тоса Мицуоки, сместена во Саклерскиот музеј.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Мурасаки Шикибу на Ризницата ?
Мисли поврзани со Мурасаки Шикибу на Викицитат- Rozan-ji Temple, Kyoto
- Дела од Murasaki Shikibu на проектот „Гутенберг“
- Дела од Мурасаки Шикибу во Open Library — Семрежен архив
Дела од Мурасаки Шикибу на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)- Exhibition: The Tale of Genji, A Japanese Classic Illuminated at Metropolitan Museum of Art
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|