Прејди на содржината

Мункин

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мункин мачка

Предлошка:Infobox Catbreed Мачката Мункин или уште како што ја нарекуваат и колбас мачка [1] е понова раса на мачки која се одликува со многу кратки нозе, кои се предизвикани од природна генетска мутација. Мункин се смета дека е оригиналната раса на џуџеста мачка.

Многу контроверзии избувнаа околу расата кога беше признаена од Меѓународната асоцијација на мачки во 1995 година, со што критичарите ја изразија својата загриженост во врска со потенцијалните здравствени проблеми кои можат да настанат, како и проблемите со движењето кои се јавуваат кај оваа раса.[2] Управниот совет на мачката Фенси не ја признаваат оваа раса како стандардизирана раса.

Името " мункин " потекнува од немилосрдните жители на писателот Л. Франк Баум од земјата Мункин, односно земја во неговиот роман од 1900 година, Прекрасниот волшебник од Оз.[3][4][5]

Историја

[уреди | уреди извор]

Создавање на расата

[уреди | уреди извор]

Мачките со кратки нозе се документирани неколкупати низ целиот свет уште од 40-тите години на минатиот век. Еден британски ветеринарен извештај од 1944 година известува за четири генерации на мачки со кратки нозе кои биле слични на нормалните мачки, но се разликувале само во должината на нивните нозете. Оваа линија на мачки со кратки нозе исчезнала во времето на Втората светска војна, но и покрај тоа, други мачки со кратки нозе се појавиле и биле забележани во Русија во текот на 1956 година и во САД во 1970-тите.[6]

Во 1983 година, Сандра Хочендел, наставничка по музичко во Рејвил, Луизијана, пронашла две бремени мачки кои биле бркани од куче и се сокриле под камион, каде таа ги пронашла.[7] Таа чувала една од мачките и ѝ го доделува името Блекбери, а половина од мачиња се родиле со кратки нозе. Хочендел му подарила едно машко маче со кратки нозе од леглото на Блекбери на нејзин пријател, Кеј ЛаФренс од Монро, Луизијана, а таа на мачето му го дава името Тулуза. Од легло на Блекбери и Тулуза се добива денешната раса Мункин.

Особености

[уреди | уреди извор]
Мункин маче, 7 месеци

Стандардите на Меѓународната асоцијација на Мачки ги опишуваат Мункин како разиграни и интелигентни мачиња.[8] Некои извори наведуваат на тоа дека и покрај тоа што имаат кратки нозе, нивните способности за трчање и скокање не се попречени,[9] додека пак, други сметаат дека нивната способност да скокаат е ограничена поради нивната состојба.[10]

Мункин има слични одлики како нормалните домашни мачки, а тоа се должи на нивното често вкрстување. Мункин може да биде мала до средна мачка со умерен тип на тело и среднокадифено крзно. Машките мункини обично тежат помеѓу 3 и 4 килограми и обично се поголеми од женските мункини, кои обично тежат помеѓу 2 и 3.6 килограми. Задните нозе можат да бидат малку подолги од предните, што создава блага угорница од рамото до задникот. Нозете на Мункин можат да бидат малку криви, иако прекумерна кривост носи е дисквалификација во натпеварите.[6][11]

Мункин можат да ги имаат сите бои и шари на крзното. Исто така, можат да имаат и долго влакно, што е прикажано во посебна категорија, како посебна сорта. Сортата со кратко крзно има среднокадифена наметка, додека долгато крзно има полудолга свилена наметка.[6] Правилата на Меѓународната асоцијација на Мачки овозможуваат употреба на домашна мачка која веќе не припаѓа на призната раса. Сличноста со другите раси е основа за дисквалификација. Не е дозволено да се прикажуваат нестандардни Мункини.[8]

Во 2014 година, Лилипут, мачка Мункин од Напа, Калифорнија, беше прогласена за најниската стара жива мачка во светот од Гинисовиот рекорд. Таа е висока 13,34 сантиметри.[12]

Сè уште не е јасно како мутацијата влијае на здравјето на расата. Бидејќи расата штотуку официјално беше воведена во 1991 година, таа сè уште се смета за млада раса.[13] Имаше рани шпекулации дека Мункин ќе развие проблеми со ’рбетниот столб, кое обично се забележува кај раси на кучиња со кратки нозе, во 1995 година неколку одгледувачи на своите најстари Мункини со помош на Х-зраци ги испитуваа за знаци на проблеми со зглобовите или коските и не пронајдоа ништо.[14][15]

Генетската мутација што предизвикува кратки нозе е особина кај Мункините која се нарекува ахондроплазија,[16][17] генетско нарушување што настанува кај џуџестиот раст и обично се поврзува со одлики како зголемена глава, секако со кратки нозе, но исто така може да вклучува и симптоми како што се невообичаено мала вилица, зглобови кои изгледаат подебели од нормалните, заоблен ’рбет.[18] Состојбата понекогаш се нарекува хипохондроплазија или псевдоахондроплазија.[19][20] Малите големини на леглата кога се вкрстуваат две мачки од Мункин расата укажува на тоа дека ембрионите кои се хомозиготни за генот на Мункин не се одржливи.

Сепак, се чини дека постојат два случаи со зголемена зачестеност во расата Мункин: лордоза (прекумерна искривување на ’рбетот) [21] и имаат дупка во градниот кош.[22][23] Двете состојби најчесто се забележуваат кај луѓе со псевдоахондроплазија.[19]

Генетика

[уреди | уреди извор]

Генот на Мункин е автозомен доминантен ген.[16] Хомозиготните ембриони за генот на Мункин не се одржливи и не се развиваат во матката. Само мачиња кои се хетерозиготни за генот на Мункин се развиваат во мачиња со кратки нозе.[20] Бидејќи само хетерозиготни (кратки нозе) Мункин мачки се способни да го пренесат генот, во сите легло со најмалку еден стандарден Мункин (кратки нозе) родител имаат можност да содржат мачиња со фенотипите: краткии или нормални нозе, со генотипови Мм или мм, каде М е особина на кратки нозе и м е особина на долги нозе. Парењето на двајца родители Мункини, Mm x Mm, имаат шанса да ги произведат овие потомци: 25% MM - маче што нема да преживее, 50% Mm со кратки нозе, 25% mm - нормални. Добиеното легло ќе биде составено од 2/3 Mm мачиња со кратки нозе и 1/3 мм-нормални.

Изведени раси

[уреди | уреди извор]

Мункин е вкрстена со расата ЛаПерм, кои имаат кадраво крзно, со што се добива расата Скукум, со Сфинкс, која е без влакна, за создавање на Минскин и Бамбино, уште една кадраво обложена раса, Селкирк Рекс, за создавање на Ламбин, група на персиска раса (која ги вклучува Хималаиските и егзотичните Шортаир) до создавање на расата Наполеон, со американската Curl за да се создаде Kinkalow, со расата шкотски Пати за да се создаде шкотски Килтс, а исто така и со Бенгал да се создаде Генета.

  1. 'Sausage Cat' Breed Not Trendy, Just the Result of Cruelty“. PETA (англиски). 2017-02-10. Посетено на 2018-07-17.
  2. „Vets warn trend for sausage cats is cruel“. Metro UK (англиски). 2017-01-31. Посетено на 2020-04-14.
  3. „Munchkin & Midget Cat Breed Facts“. www.petmd.com. petMD, LLC.
  4. Nunn, Lyn. „Munchkin Cats - Origin and History“. Cat Breeds Junction. Посетено на 8 December 2017.
  5. Fawcett, Kirstin (3 June 2016). „7 Short Facts About Munchkin Cats“. Mental Floss (англиски). Посетено на 8 December 2017.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Munchkin Breed“. The International Cat Association (TICA). The International Cat Association (TICA). 13 August 2018. Посетено на 20 May 2019.
  7. Stall, Sam (2007). 100 Cats Who Changed Civilization: History's Most Influential Felines. Philadelphia, PA: Quirk Books. стр. 20–22. ISBN 9781594741630 – преку Google Books.
  8. 8,0 8,1 „Munchkin Breed Group Standard“ (PDF). The International Cat Association. 1 May 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-07. Посетено на 30 May 2016. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „TICAstandard“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  9. Stroud, Jon (2008). The DVD Book of Cats. Green Umbrella Pubg.
  10. „Munchkin - Limb Deformity“. Universities Federation for Animal Welfare. 2011.
  11. Helgren, J. Anne (2006). „Iams Cat Breed Guide: Munchkin“. Telemark Productions. Архивирано од изворникот на 18 March 2012. Посетено на 29 March 2012.
  12. Yune, Howard. „Tiny Napa cat stands tall in new Guinness record book“. Napa Valley Register. Napa Valley Register. Посетено на 3 October 2014.
  13. „Munchkin breed“. Fitzroy Vet Hospital VIC (англиски). 2015-07-23. Архивирано од изворникот на 2020-03-06. however the breed is young having only been introduced to the public as an official breed in 1991.
  14. „New cat breed, Munchkin, stands on its stubby legs“. Baltimore Sun News (англиски). Houston Chronicle. 1995-07-29. Посетено на 2020-03-06.
  15. „Munchkin: Fur is flying over this rare cat breed“. Tampa Bay Times (англиски). Посетено на 2020-03-06. She X-rayed their joints and bones and found no evidence of crippling. So she began breeding Munchkins
  16. 16,0 16,1 Breeding and Registration Rules: 2.7.3 Genetic Diseases. Fédération Internationale Feline
  17. „Achondroplasia“. Genetics Home Reference (англиски). U.S. Department of Health & Human Services. Посетено на 2019-09-14.
  18. „Feline Dwarfism“. Basepaws (англиски). 2019-03-06. Посетено на 2019-09-14.
  19. 19,0 19,1 Wedderburn, Pete (October 2008). „Cat breeds–Trophies with hidden problems“. Journal of Small Animal Practice. BSAVA Companion. 49 (10): 7–9. doi:10.1111/j.1748-5827.2008.00680.x. This selection for an albeit naturally occurring mutation, resulting in pseudoachondroplasia, has resulted in a breed which appears to have an increased incidence of pectus excavatum and spinal lordosis, both problems commonly seen in human patients with pseudoachondroplasia.
  20. 20,0 20,1 Genetic Abnormalities of Cats. Messybeast.com Cat Resource
  21. „Munchkin Cat Health Problems“. VetInfo. Посетено на 2019-03-24. The Munchkin cat is a very healthy breed with few specific health problems. Munchkin kittens, however, are vulnerable to lordosis, a rare spinal condition in which the spinal muscles grow short, allowing the spine to sink down into the body. Lordosis may be mild or severe, and if it's bad enough, the kitten won't live past three months of age. Many breeders feel that lordosis is a genetic disorder, but it's not specific to the Munchkin cat; many other breeds of cat suffer from lordosis.
  22. „All You Need to Know About Munchkin Cats“. Cats Are On Top (англиски). 2018-01-21. Посетено на 2019-03-24.
  23. Hubler, M.; Langley-Hobbs, S.J. (2009). „Hereditary and congenital musculoskeletal diseases“. ScienceDirect. Feline Orthopedic Surgery and Musculoskeletal Disease. Посетено на 2019-03-24. There may be a familial tendency to thoracic wall deformities (pectus excavatum, unilateral thoracic wall concavity) in Bengal kittens, and chondrodystrophic Munchkin cats may also have an increased incidence of pectus excavatum and spinal lordosis.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мункин