Прејди на содржината

Мулан

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Мулан
Mulan“
Рекламен плакат за Мулан
РежисерТони Банкрофт
Бери Кук
ПродуцентПем Коутс
СценаристРобер Д. Сан Сучи
Рита Хсиао
Главни улогиМинг-На
Еди Марфи
Б. Д. Вонг
Мигел Ферер
Харви Фирстајн
Бет Фаулер
Џорџ Такеи
МузикаЏери Голдсмит
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиера19 јуни, 1998
Времетраење90 минути
ЈазикАнглиски
Буџет$90 милиони[1]
Бруто заработка$304.3 милиони[2]
СледенМулан II (2005)

Мулан (англиски: Mulan) — американски анимиран филм од 1998 година во производство на компанијата Walt Disney Pictures. Објавен е на 19 јуни 1998 и е триесет и шестиот филм во династијата на Дизни. Филмот е заснован на кинеската легенда за Хуа Мулан. Режисери на филмот се Тони Банкрофт и Бери Кук, а приказната е обработена од повеќе автори, меѓу кои и Роберт Сан Сучи и Рита Хсиао.

Кога Хуните, водени од безмилосниот Кан Ју (Мигел Ферер), ќе ја нападнат Кина, секое семејство добива покана за мобилизација. Таткото на Мулан мора да оди во војска, но тој е премногу стар и нема да преживее. Затоа Фа Мулан се маскира себеси како маж, ја зема поканата на татка си, униформата и оружјето и оди во војска знаејќи дека доколку ја фатат ќе ја убијат.

Малиот змеј Мушу (Еди Марфи) е разбуден од првиот предок на семејствто. Неговата задача е да ги собере сите предци кои треба да одлучат кого ќе пратат да ја штити Мулан. По различни избори за тоа кој ќе биде заштитникот, Мушу треба да го повика „Големиот камен змеј“. Но Мушу не сакајќи го уништува змејот и му се отвора можност да им се приклучи на големите заштитници ако ја направи Мулан воен херој.За да не биде обвинет за неуспех и повторно скаменет тој се преправа како голем змеј покрај оганот т.е. неговата сенка го прави само голем па така што ја исплаши Мулан за таа да се врати дома.Но тој план не им успева затоа што Мулан ја открива вистинската големина на Мушу и тој ја запоцнува својата авантура со оваа девојка.

  1. „Mulan“. The-Numbers. Nash Information Services. Архивирано од изворникот June 27, 2012. Посетено на May 25, 2022.
  2. „Mulan (1998)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот September 24, 2015. Посетено на May 25, 2022.