Музичко училиште „Тоше Проески“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
МУ „Тоше Проески“
Muzcko Uciliste Bitola.jpg
Место
Општина: Битола
Место: Битола
Адреса: бул. „1 мај“ бр. 110 и 112
Основни информации
Основање: 1947
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал muzickoucilistebt.schools.edu.mk

Музичкото училиште „Tоше Проески“ е државно музичко училиште во Битола, Општина Битола со уметничка струка - музичката уметност. Достапни се насоките музичар теоретичар и музичар изведувач. Во состав на училиштето работи и основно музичко училиште каде се образоваат 238 ученици распоредени во 14 паралелки.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Музичкото училиште од Битола е меѓу најстарите во Македонија. Формирано е со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република Македонија бр. 5290 од 5 октомври 1946 година. Со настава училиштето започнало наредната 1947 година откако биле обезбедени основните услови за започнување на наставата.

Уште на самиот почеток голем бил интересот за посетување на училиштето. Во тие оскудни услови биле запишани 148 ученици во трите отсеци: клавирски, гудачки и дувачки. Наставата ја започнале седум наставници меѓу кои и Петровски Велко - Паскали, кој бил и првиот управник на училиштето. Наставата се изведувала на еден клавир, две труби и неколку виолини што биле премалку, па затоа наставниците одржувале часови до доцна навечер. Но постојната грижа на народната власт за развојот на училиштето овозможувало полека да се создадат услови за подобро работење, па така училиштето седум пати се преселувало од зграда до зграда сè до неговото вселување во денешните две згради.

Од започнувањето со настава низ училиштето поминале повеќе од три илјади ученици. Денес наставата се одвива во 4 паралелки за средно образование, и 14 паралелки за основно образование.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

За својата плодна и сестрана активност Музичкото училиште е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајна е наградата “Четврти Ноември“ на градот Битола доделена од страна на Општината Битола во 1987 година.

Покрај учеството на учениците на натпревари Музичкото училиште e успешен организатор и домаќин на регионални и државни натпревари.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

За својата плодна и сестрана активност Музичкото училиште е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајна е наградата „Четврти Ноември“ на градот Битола која Општината Битола му ја доделила на училиштето во 1987 година.

Покрај учеството на учениците на натпревари, музичкото училиште било и успешен организатор и домаќин на регионални и државни натпревари.

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]