Американска музика во 1970-те

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Забавната музика на Соединетите Американски држави во 1970 –те согледувала различни форми на поп музика која доминирала на листите.Често карактеризирани како површни ,поп музиката во 70-тите има различни форми и може да се согледа како реакција против големата енергија и и поп активистите од претходната деценија.Таа започнува со пејачите-текстописци како Карол Кинг и Карли Сајмон кои се наоѓале на врвот на топ листите , додека Њујорк согледува период на голема иновација; хип хоп ,панк рок и салса биле измислени во 70-тите во Њујорк ,кој исто така бил центар за електронската музика ,техно и диско.

До средината на деценијата ,различни трендови се борат за популарен успех. Лајт прогресивен- рок (анг.Light progressive –rock ) бендовите како Kansas, Journey, Chicago и Styx имале долготрајна популарност. Брус Спрингстин освоил позитивна критика во текот на поголемиот дел од деценија, конечно на голем начин пробивајќи се во доцните 70-ти. Диско, особено Bee Gees, била доминанта на листите во последните неколку години од деценијата, додека панк рок и други жанрови се развивале потајно.

Рок[уреди | уреди извор]

1970-тите се согледувала појавата на хард рок како еден од најистакнатите поджанрови на рок музиката. Бендови како Alice Cooper и Deep Purple биле многу популарни во 1972 година.Звуците на гитарата станале посилни а рифтовите побрзи.До втората половина на декадата ,неколку бендови достигнале статус на ѕвезди ,имено , Lynyrd Skynyrd, Aerosmith и Kiss.Арена рок (анг.Arena rock ) ја зголемила популарноста преку прогресивни бендови како Styx ("Come Sail Away"), и хард рок бендови како Boston ("More Than a Feeling").

Хеви метал музиката (иако не признат како посебен жанр од хард рок во тоа време ) стекнало култно следење во 1970-тите ,предводено од Led Zeppelin, Black Sabbath и Deep Purple,со нивните стилови кои подоцна влијаеле на другите бендови како Judas Priest и Motörhead,кој најверојатно го започнале Новиот бран на Британски Хеви метал во 1980-тите.

Психоделик рок ја изгубил популарноста по смртта на Џими Хендрикс и Џим Морисон и распадот на Битлси.

Софт рок била значајна карактеристика на многу Топ 40 и современи хит радио станици во текот на 1970-тите.Софт рок често користел акустични инструменти и ставал акцент на мелодии и хармонии.Во 1970-тите се вклучуваат големи софт рок изведувачи, Карол Кинг, Џејмс Тејлор, Били Џоел, Чикаго, Америка и Флитвуд Мек, чиишто Rumours (1977) бил најдобро продаваниот албум на деценијата. Rolling Thunder Revue на Боб Дилан 1975-1976 го соединува со бројни фолк-рок изведувачи од неговите раните денови на изведување,осовено Џон Баез .

Голем број на кантри –поп и софт рок песни се вклопуваат во класификацијата на пејачите-текстописци –тоа се ,песни напишани и снимени од иста личност.Некој од најуспешните изведувачи пејачи-текстописци биле Џексон Браун, Ерик Кармен, Џим Кроче, Џон Денвер, Стив Гудман, Арло Гатри, Џоел, Дејв Мејсон, Дон Меклин, Џони Мичел, Пол Сајмон, Тејлор и Нил Јанг.Некои изведувачи –вклучувајќи ги Кинг , Крис Кристоферсон и Гордон Лајтфут -претходно биле првенствено текстописци но почнале со реализирање на свои албуми и песни.Албумот на Кинг ,Tapestry станал еден од најпродаваните врвни албуми на деценијата ,и песната "[[It’s too Late]" станала една од најголемите песни во 1970-тите.Песната на Меклин во 1971-та "[American pie]" ,инспирана од смртта на Бади Холи ,станала една од најпризнатата песна на 20-от век на забавната музика,благодарение на апстракното и живописното раскажување на приказна , која се однесува на "The Day the Music Died" и забавната музика на рок ерата.

Раните 1970-ти се одбележуваат со заминувањето на Дајана Рос од The Supremes и распадот на Симон и Гарфункел . Рос, Симон и Арт Гарфункел сите продолжиле енормно успешни снимени кариери во текот на деценијата и пошироко.Неколку од новните песни се на листата на најголемите хитови од 1970-тите : “Bridge Over Troubled Water “ на Сомон и Гарфункел ,соло хитот на Симон "50 Ways to Leave Your Lover" и "Ain’t No Mountain High Enough" на Рос.

Кантри рок и саутерн рок[уреди | уреди извор]

Кантри рок е формиран од фузија на рок музика и кантри музика ,освојувајќи најголем комерцијален успех во 1970-тите ,започнувајќи со не-кантри изведувачи како Боб Дилан, Грам Парсонс и Бирдс (eng .The Byrds ) .Од средината на 1970-тите Линда Ронстанд , заедно со други нови изведувачи како Емилоу Харис и Eagles уживале популарен успех и популарност кој трае до ден денес. Eagles се појавиле како еден од најуспешните рок изведувачи на сите времиња ,создавајќи албуми кој го вклучувал Хотел Калифорнија (анг. Hotel California ) ( 1976)

За време на 1970-тите ,сличен стил на кантри рок наречен саутерн рок (eng.Southern rock) ( соединувајќи рок ,кантри и блуз музика, и фокусирајќи се на електрични гитари и вокали) кој што уживале популарност со кантри публика ,благодарение на такви кои не се кантри изведувачи како Lynyrd Skynyrd, The Allman Brothers Band и The Marshall Tucker Band.

Прогресивен рок[уреди | уреди извор]

Американскиот бренд на прог рок (анг.prog rock ) од електричен и иновативен Steel Heart, Frank Zappa, Captain Beefheart и Blood, Sweat and Tears, до по поп рок ориентирани бендови како Boston, Foreigner, Kansas, Journey и Styx.Овие ,и покрај Британските бендови како Jethro Tull, Supertramp и Electric Light Orchestra,сите домострирале влијание на прог рок и додека се пласирале меѓу најкомерциајлно успешните изведувачи во 1970-тите ,издавајќи во периодот на промп (анг.promp) или арена рок ,кој ќе траел се додека трошоците на сложените шоуа (често со театраска сцена и специјални ефекти ) не бидат заменети со поекономични рок фестивали како главни места во живо во 1990-тите.

Нов бран[уреди | уреди извор]

Многу Американски бендови во доцните седумдесети започнале да екпериментираат со синтисајзери ,формирајќи го стилот на нов бран.Оргиналните Американски бендови ги вклучувале Talking Heads, The Cars, и Devo.Во осумдесетите ,Британија ќе одговори со synthpop стил , кој ќе ја прошири дефиницјата на “нов бран”

Power pop[уреди | уреди извор]

Комбинирајќи елементи од панк рок и поп музика ,бендовите како The Romantics, The Knack, и Cheap Trick го креарирале “power pop ” звукот .Исто така согледувајќи краток успех е Loverboy.

Блуз рок[уреди | уреди извор]

Блуз рок останува популарен ,согледувајќи најголем успех со Ерик Клептон ZZ Top, и George Thorogood

Диско[уреди | уреди извор]

За многу луѓе ,диско е жанр на музика најлесно поврзан со 1970-тите.Прв пат се појавил во клубовите во средината на деценијата ( со хитови како "The Hustle" од Van McCoy),пејачките како Дона Самер ,Глорија Гејнор и Анита Вард (во Северна Америка) и Далида (во Европа ) го прославиле жанрот и биле опишани во следните децении како “диско диви ”.Филмот Саботна Ноќна треска бил издаден во декември 1977 во кој глуми Џон Траволта и карактеристична со музиката на Би Гис и неколку други изведувачи.Тој имал ефект на прилагодување на диско манијата во Соединетите Американски држави.Саудтракот на Би Гис на Саботна ноќна треска станал нјдобро продаваниот албум на сите времиња се до 1983 година кога Thriller на Мајкл Џексон го срушил тој рекорд.

Исто толку брзо како што славата на диско дошло ,исто така ,набрзо излегло од употреба.Жанрот започнал да станува се повеќе комерцијализиран ,и голем број на диско песни ги поплавивле радијата во 1978-79 –тата година резултирајќи со пораст на реакции против него, како олицетворение на "Disco Demolition Night" подвиг од Чикаго диск џокеј на безбол играта во Comiskey Park во јули 1979.Диско клубовите исто така постигнале репутација како декадентни места каде луќето употребувале дрога и промискутиетен секс.Популарноста на жанрот исчезнала , и во 1980-тите "Funkytown" од Lipps Inc била една од последните диско хитови.Заедно со пропаѓањето на диско дошло крајот на оркестрациите и музичките инструменти (како жичани ) кој биле поврзани со диското ,делумно поради високта цена на производството на таква музика.Електричната и синтетизираната музика брзо ја заменила бујните оркестрални звуци во 1970-тите и рок музиката се освежила во јавност со нов бран бендови како што се Blondie ("Heart of Glass"), The Knack ("My Sharona") и Devo ("Whip It"),сите кои формирале нивни бендови во 1970-тите .Многу изведувачи како што се Bee Gees ,кои биле поврзани со диско ,кои имале потешкотии да продаваат снимки или билети за концерти во 1980-тите.

R&B и urban[уреди | уреди извор]

Заедно со диско,фанк било една од најпопуларните музички жанрови во 70-тите.Првенствено Африканско –Американски жанр ,бил карактеризиран со прекумерната употреа на бас и “wah-wah” педали.Ритамот бил истакнат преку мелодија.Изведувачите како Џејмс Браун, The Meters, Parliament-Funkadelic и Sly And The Family Stone го предводеле жанрот .Тоа предизвикало изведувачи како Стиви Вондер ,Браќата Џонсон ,Earth ,Wind &Fire , Bootsy's Rubber Band, King Floyd, Tower of Power, Ohio Players, The Commodores, War, Kool & the Gang, Confunkshun, Slave, Cameo, the Bar-Kays, Zapp, и многу други.

The Jackson 5 станале еден од најголемите поп-музички феномени во 1970-тите ,свирејќи од репертоарот на ритам и блуз ,соул ,поп и подоцна диско .Браќата Џексон - Џеки, Тито, Џермејн, Марлон и Мајкл –првото дело во историјата на снимањето да ги имаат нивните први четири најголеми етикетирани синглови :"Те сакам назад", "ABC", "Љубовта што ја зачува ", и "Јас ќе бидам таму " го достигнале врвот на Билборд Хот 100 (eng . Billboard Hot 100) .Бендот служел како отскочна штица за соло кариерите на нивните водечки пејачи Џереми и Мајкл , додека Џереми имал некој успех ,Мајкл е тој што ќе ја трансформира неговата рана слава во поголем успех како возрасен уметник ,со песни како што се “ Не запирај додека не ми е доста “ и “Rock with YouThe Commodores биле друга група којшто свиреле од различен репертоар ,вклучувајќи ги Р&Б (анг.R&B) , фанк и поп . Лајонел Ричи кој напреднал кон поголем успех како соло изведувач во 1980-тите ,се соочил со најголемите 1970-ти хитови на групата ,вклучувајќи ги “Лесно ”,”Три пати дама ”и ”Сеуште ”.

Поп[уреди | уреди извор]

Некој од позначајните поп групи за време на 1970-тите биле the Carpenters, the Jackson 5, Bay City Rollers, The Guess Who, the Osmonds и Queen. Машки солисти кој што ја карактеризираат поп музиката од тоа време биле Бери Менлоу, Ерик Кармен, Лав Сајер , Шон Касиди и Род Стјуарт.Женски солисти кој се олицетворие на 70-тите се Шер , Карли Сајмон, Дион Ворвик, Барбра Стрејсенд, Рита Кулиџ, и Хелен Реди.

Кантри[уреди | уреди извор]

Бројни стилови ја дефинирале кантри музиката за време на 1970-тата деценија.На почетокот на деценијата ,кантриплотанот –како изданок на раниот “Нешвил звук ” во доцните 1950-ти и раните 1960-ти – и хонки –тонк претопен Бејкерсфилд звук биле некои од популарните стилови. Кантриполитан звукот –елегантен, аеродинамичен карактеризирајќи се со жичани делови , придружни вокали и кронинг придружни вокали –бил прославен од уметници вклучувајќи ги Лин Андерсон, Глен Кембел, Ен Мари, Доти Вест , Теми Вајнет и други,достигнувајќи ги нивните успеси преку песни како што се “ (Никогаш не ти ветив ) градина од рози “, “Снежна птица ” и други.Бајкерсфилд звукот ,првпат прославен во раните 1960-ти ,го продолжил својот врв на популраност прекуизведувачи како што се Бак Овенс и Мерл Хагард. Но други стилови започнале да се појавуваат за време на 1970-тите .Еден од најуспешните стилови бил "outlaw country", вид на музика мешајќи ги традиционалните и хонки-тонк звуци на кантри музика со рок и блуз музика ,и мешајќи се со гнев на отуѓени субкултури на нацијата за време на периодот.Лидери на движењето биле Вејлон Џенингс и Вили Нелсон, иако други поврзани со движење биле Дејвид Алан Кој , Џеси Колтер , Томпел Гласер , Гери Стјуарт и Били Џо Шејвер.Напорите на Џенингс, Нелсон, Колтер и Гласер се врзуваат во 1976-тите со албумот Wanted! The Outlaws.

Кантри поп звукот бил наследник на кантриполотан звукот во ранитте 1970-ти.И покрај изведувачите како Мареј и Кембел,неколку изведувачи кои не биле првично познати како кантри уживале вкрстена слава со кантри публика преку радио станици и продажба.Најуспешни од овие изведувачи биле Браќата Белами , Чарли Богата, Џон Денвер, Оливија Њутн-Џон, Мари Осмонд , B.Џ Томас и Кени Роџерс. Њутн Џон,Австралиски поп пејач , бил именуван Женски вокал на годинта од Здружението на кантри музика ,предизивкувајќи дебата која продолжува до ден денес –што е кантри музика ? Група на традиционално-умстевени изведувачи ,засегнати од овој тренд ,го формирале краткотрајното Здружение на кантри-естрадни уметници ,со цел да го вратат традиционалниот хонки-тонк звук на врвот.Дебатата продолжила во 1975 ,година каде шест песни го достигнале Бр.1 и на Billboard Hot Country Singles и Billboard Hot 100 листите .Работите дошле до врвот кога , на годишното CMA Awards,Рич –сегашниот Естраден уметник на годината , и самиот вкрстен изведувач -ја врачил наградата на неговиот наследник “мојот добар пријател, Г-дин Џон Денвер ”.неговата изјава ,земена како сарказам ,и неговото палење на пликото (кое го содржало името на Денвер ) со запалка се семтало за протест против порастот на поп стилот во кантри музика. Во доцната половина на 1970-тите ,Доли Партон , многу успешна традиционално-умствена кантри изведувачка од доцните 1960-ти поставила кампања од висок профил да премине во поп музика ,колумнирајќи во нејзиниот хит во 1977 “Добродојде повторно” кој се издигнал на Бр 1 кантри и Бр.3 поп.Роџерс поранешен пејач на The First Edition ,искористил успешна кариера во поп ,рок и фолк музиката со префрлување во кантри музика .Како ,Партон тој уживал долга серија на успешни песни што биле на листата и на Hot Country Singles и на [[Billboard Hot 100[[ листите ;прва од многуте била “Лусил” Бр.1 кантри и Бр.5 поп хит. Кристално Гејл, Рони Милсеп, Еди Ребит и Линда Ронстенд биле неколку од другите изведувачи кој нашле успех и на кантри како и на поп листите со нивните снимки . 1970-тите продолжил трендот на зголемување на Бр.1 хитовите на Billboard Hot Country Singles листите .Во 1970 ,имало 23 песни кој го достигнале врвот на листите ,но во средината на 1970-тите ,повеќе од 40 наслови ротирале во и надвор од врвот за првпат во историјата .Трендот повремено се влошувал од доцните 1970-ти ,која околу 30 до 35 песни го достигнале годишно врвот на листите .

Други настани[уреди | уреди извор]

Во втората половина на деценијата , во 1950-тите насталгичното движење ја поттикнува Rockabilly Revival модата. The Stray Cats го воделе заживувањето во раните 1980-ти .Били Џоел ги составил “Пијано човек ” и ”Само добрите умираат млади ”.Исто така овој тренд го симболизирал хит филмот Grease во 1978 ,во улога на Џон Траволта и Оливиа Њутон- Џон . Врзувајќи се со насталгичната треска , неколку изведувачи во доцните 1950-ти и раните 1960-ти успешно ги оживеале нивните кариери за време на раните до средината на 1970-тите после неколку години пасивност.Најуспешните од овие биле Рики Нелсон (“Забава во градина ”,1972 ), Нил Седака ("Смеата на дождот" и "Лоша крв", и двете во 1975), и Френки Вали и како соло артист ( "Моите очи те обожаваат ",1975 ) и со The Four Seasons (" Декември 1963 (О, Каква ноќ) " 1976 ).Освен тоа ,Пери Комо –еден од најуспшните пред –рок ера изведувачи –уживале во продолжениот успех ,иако во многу помал обем ( како што повеќето од неговите фанови биле возрасни кој што пораснале за време на 1940-тите и ранитте 1950-ти снимен рок за млади ) ;неговиот најуспешен хит на деценијата бил “Невозможно е ”(1970) и песната на Дон Мек Лин “Ја сакав многу ”(1973) Двајца од најуспешните изведувачи на забавната музика умреле во рок од шест недели во 1977 :Елвис Присли (на 16-ти август ) и Бинг Крозби (на 14-ти октомври ) Присли –чиишто топ хитови во 1970-тите биле “Burning Love ”во 1972 –рангирана меѓу топ изведувачите во рок ерата ,додека Крозбил бил помеѓу најуспешните пред-рок ера изведувачи. Раните седумдесети исто така се обележани со смртта на рок легените Џим Морисон, Џенис Џоплин, и Џими Хендрикс, исто како и авионската несреќа во 1977 во која тројца членови на Линирд Скинирд (eng. Lynyrd Skynyrd) биле убиени.