Музиканти (скулптура во Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон скулптурата
Детал од скулптурата

Музиканти или Свирачи, по реконструкцијата наречени Штипски Свирачи е композиција од четири фигури со висина од по еден метар, поставена на камен постамент од 80 сантиметри во Скопје. Дело е на вајарот Благој Чушков кој во 2002 година го направил по нарачка на тогашните скопски градски власти. Скулптурата била поставена на платото пред Балканска банка на Плоштадот Македонија. Во 2006 година скулптурата била цел на вандализам. Имено двете помали фигури на музичарите од скулптурата исчезнале, а една од нив била оштетена.[1] За време на реконструирањето на кејот „13 ноември“ скулптурата била отстранета. Во 2009 година, пред Капитал банка во центарот во Скопје, по неколкугодишна пауза повторно била вратена скулптурата, но овојпат музичарите биле изработени во многу поголема димензија кои „свиреле“ на истите инструменти.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Исчезнаа двајцата музичари од скулптурата"Музиканти". Вест. 5/10/2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-08-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „„Свирачите" на Чушков се вратија, но во поголема димензија“. Утрински Весник. 16 април 2009. Посетено на 2011-08-26.