Музеј на криминалистика (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Музејот на криминалистиката претставува музеј на криминалистички експонати единствен од таков вид во Македонија. Се наоѓа во скопската населба Нова Колонија (Идризово).[1]. Во музејот се изложени над 3.000 експонати, стари повеќе од половина век, предмети, оружје од извршени тешки кривични дела, прободени срца, извадени со обдукција на жртвите, фетуси од нелегални абортуси, домашни лаборатории за хероин, пресечени полови органи, зачувани во тегли, и сл.

Историја[уреди | уреди извор]

Музејот е отворен на 15 јануари 1957 година. Основоположник е Властимир Маџаровски и тој бил првиот кустос. Просторно бил сместен во барака на тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи, каде што се денес зградите на МВР. За време на поплавите во 1962 година, а потоа скопскиот земјотрес во 1963 година, претрпел поголеми штети. По неколку месеци бил обновен. Од ноември 1977 музејот е во состав на Полициската академија во посебна музејска зграда.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zbornik Istorijskih muzeja Jugoslavije (српскохрватски). Istorijski muzej Srbije. 1975.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]