Музеј на илегалните работилници за време на НОВ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Музеј на илегалните работилници за време на НОВ
Основан12 ноември 1981 (Како спомен куќа на НОБ)
4 јануари 2017 (реотворен)
Местоул. „Пајкова“ бр. 2
Скопје, Македонија Македонија
Типмеморијален музеј
Споменик пред Музејот на илегалната партизанска оружарница

Музеј на илегалните работилници за време на НОВ — меморијален музеј во Скопје, единствен од ваков вид во Македонија.[1] Музејот вусшност претставува илегална партизанска оружарница од времето на Втората светска војна, во која посетителите преку екрани и таблети можат да видат како се правело оружјето за време на Народноослободителната борба во Скопје. Во работилницата која се наоѓала во семејната куќа на електромеханичарот Серафим Видевски од 1941 до 1944 година тајно се изработувало оружје и мини за партизаните од Првиот скопски партизански одред. Во 1981 година оваа работилница била пренаменета во Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ, но со години не бил отворен за посетители оти немало услови за негова работа. Куќата е урната, но визбата е автентично зачувана, и се наоѓа на истото место во зградата на Стопанска банка. Поставката во просторот е реализирана пред неговото отворање, на 12 ноември 1981 година. [2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во услови на окупација и полициски режим, во непосредна близина на кејот на Вардар и зградата на Митрополијата, на улицата Пајкова број 2, била формирана првата илегална работилница во градот. Задачата за формирањето и организирањето на работилницата им била доверена на Илија Јакимовски – Илчо, Роберт Гајдик и Бранислав Шикиќ, а тие задачата му ја довериле на електромеханичарот Серафим Видовски, кој имал работилница во дворот на својата куќа. Оваа скромна работилница прераснала во јадро на создавање на новата историја на градот и еден од симболите за отпорот на населението против окупаторот и неговиот терор. Оваа куќа и скромната работилница го дочекале ослободувањетo на Македонија и опстанале сè до 1965 година, но со новиот урбанистички план и изградбата на Стопанска банка во комплексот на културните институции куќата и работилницата биле урнати. Овој објект во 1981 година е пренаменет во Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944) и како нем потсетник за хероите и борците што пожртвувано се бореле и вршеле диверзантски акции врз надмоќниот фашистички окупатор за да ја ослободат нашата татковина.

Музејот повторно е отворен на 4 јануари 2018 година, односно симболично на ден кога пред точно 75 години, по долго физичко измачување во Обласната полициска управа во Скопје и без судски процес, биле убиени народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев.

Музејот е отворен од вторник до петок од 10 до 18 часот со дежурен кустос и бесплатен влез.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Отворен музеј на НОВ
  2. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 32