Музеј на град Берово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на град Берово
Зградата на музејот
Карта
МестоБерово, Македонија Македонија
ФондИсториска постановка
Археолошка постановка

Музеј на град Беровомузеј во градот Берово. Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на XIX век. Значајно е што во неа било отворено првото народно училиште, а бил создаден и првиот НОО за Берово.[1]

Во концепирањето на музејот помогнале признаени национални експерти од областа на историјата и етнологијата, кои успеале да направат спој меѓу елементите од постоечката музејска поставка во манастирскиот комплекс св.Архангел Михаил и нови елементи и експонати. Историските поставки, кои се сместени во музејот, се состојат од документи и предмети кои говорат за историјата на малешевскиот народ од времето на Дедо Иљо Малешевски, Никола Петров Русински, Димитар Поп Георгиев Беровски, Разловечкото востание, развојот на Малешевијата помеѓу двете Светски војни и развојот на Малешевијата по Втората светска војна.

За збогатување на изложбата се поставени и случајните наоди на антички и средновековни монети, кои говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата, како и за постоење на Римска цивилизација на ова поднебје.

Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накити, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачилница. Музејот како самостојна институција е можност повеќе да се иницираат и преземат истражувачки работи на подрачјето на Општина Берово и да се збогати музејската колекција со нови артефакти.

Музејот на Берово е дел и од комплексниот проект за уредување на центарот на градот, што е приоритет во Стратегијата за одржлив развој на Општина Берово, како основен предуслов кој ќе придонесе за економската и социјалната ревитализација на Берово, развој на туризмот и севкупен позитивен развој на општината.

Наводи[уреди | уреди извор]