Прејди на содржината

Музеј на виното (Демир Капија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на виното
Музеј на виното (Демир Капија) is located in Македонија
Музеј на виното (Демир Капија)
Местоположба во рамки на Македонија
Карта
Основан2010
МестоДемир Капија, Македонија Македонија
Типмузеј
Фондвинарство, археологија, историја
Мреж. местоmuseumdk.mk

Музеј на винотомузеј во градот Демир Капија посветен на лозарството и винарството. Бил отворен на 7 ноември 2010 година.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Музејот се наоѓа во средиштето на градот на ул. Маршал Тито бб.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Музејот свечено го отворил на 7 ноември 2010 година градоначалникот на општината во присуство на високи функционери на државни институции, претставници на странски амбасади и граѓани на Демир Капија.[2]

Лого на музејот

[уреди | уреди извор]

За лого на Музејот е одбран кратер – бронзен сад за разблажување (мешање) на вино и вода. На логото е прикажан кратерот од с. ТребеништеОхрид, изработен од бронза со висина од 72 см. Во горниот дел пластично е украсен со медузи и змиски глави како и прикази на коњаници во галоп, со волутести дршки на вратот и стои на троножно постоље. Потекнува од крајот на 6 век од старата ера.[2]

Одделенија

[уреди | уреди извор]

Музејот се состои од три одделенија: археологија, винска галерија и галерија за изложби и презентации. Музејот рсполага со артефакти кои го отсликуваат историското минато на Демир Капија од праисторија до денес врзани со различни периоди на развојот на овој крај и многу експонати кои што зборуваат за богатата традиција на винската култура.[1]

  1. 1 2 3 „Музеј на виното Демир Капија“. Тиквешки вински пат. Посетено на 6 јуни 2026.
  2. 1 2 „За музејот“. Музеј Демир Капија. Посетено на 7 јуни 2026.