Музеј за ракотворби Луостаринмаки
Музеј на ракотворби Луостаринмаки (фински: Luostarinmäen käsityöläismuseo) - музеј на отворено во Турку, Финска.
Клоистер рид
[уреди | уреди извор]
Областа на Клоистер се развила релативно доцна за предпожарната област Або, околу 1775 година, по уште еден пожар. Одлучиле претходната неразвиена и ненаселена област која се простирала јужно од ридот Вартиовуори да биде развиена како станбено место. Јужниот дел од оваа област бил помалку карпест, а со тоа бил и полесен за градење, па затоа на овие предели биле градени првите градби. Најпрво, парцелите биле официјално премерувани. Овие први и премерувани парцели сè уште ги формираат границите во рамки на сегашниот музеј. Три парцели: 158–160 се појавиле на картите од 1780 година, до 1800 година биле вклучени 171, 176, 178–189, а на картата од 1808 година бил вклучен целиот обем на музејското место.[1]
Првобитните занимања на жителите биле претставени со зградите кои сега се наоѓаат во музејот. Дел од нив биле градежни занаети, како столари и каменорезци и се претпоставува дека изградиле свои имоти. Најпрво парцелата се оградувала, а потоа граделе едноставна куќа со шпорет и рерна за печење. Други згради биле наменети за домашни животни. Со текот на времето, зградите постојано се проширувале околу парцелата, оградувајќи двор.[1]
Музеј
[уреди | уреди извор]Музејот го сочинувале 18 блока, кои претставувале згради карактеристични за 18 век. Овој музеј бил отворен во стар и станбен простор. Локацијата била најголемата област што целосно го преживеала Големиот пожар во Турку.
Идејата за музејот била изнесена во 1908 година со статија во локален весник, по срушувањето на најстариот дел од Клоистер - сега улицата Сиркаланкату. Идејата била отфрлувана 30 години, сè додека новиот музејски комитет на градот не одлучил да создаде музеј во стилот на Ден Гамле Бај, поранешен музеј во Орхус, Данска.[1] Оригиналниот музеј бил формиран од девет блока, а другите ги додале во 1956 година. Експанзијата продолжила оттогаш, со повеќе згради кои имале пренаменет ентериер за изложба. Откако ги додале во музејот, уредувањето на куќите продолжило според современиот стил од 1930-тите. Биле внимателно евидентирани, а потоа ентериерите пренаменети во стилот на периодот на Големиот пожар. Ова често вклучувало отстранување на таваните од плочи со жлебови или реставрација на отворени камини.[1] Имало и жители кои останале да живеат во музејската област дури и по неговото отворање, додека пак, Хилма Менпа, останала таму до нејзината смрт во 1982 година. [1]
Музејот ја добил меѓународната награда за туризам „Златно јаболко“ како единствено место во Скандинавија во 1984 година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Куќа Квенсел, аптекарскиот музеј во Турку
Наводи
[уреди | уреди извор]Литертаура
[уреди | уреди извор]- Sjöberg-Pietarinen, Solveig (2005). Puhakka, Martti (уред.). Luostarinmäki Handicrafts Museum (2nd. изд.). Turku Provincial Museum. ISBN 951-595-061-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Музеј за ракотворби Луостаринмаки Архивирано на 8 мај 2017 г.