Музеј Сантрал Истанбул
Музеј Сантрал Истанбул Santralİstanbul Müzesi | |
---|---|
![]() | |
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Музејот Сантрал Истанбул (турски: Santralİstanbul) е музеј кој се наѓа во Ејуп, Истанбул, Турција. Музејот бил основан во 2002 година и истиот е наменет за уметнички и културни дела. Комплексот се состои од една модерна зграда каде се наоѓа музејот на уметноста, потоа енергетски музеј и амфитеатар, концертни сали и јавна библиотека. Во периодот од 1914-1983 година објектот служел за снабдување со електрична енергија на градот.
Планот за претворање на објектот во музеј бил на младиот стопанственик Огуз Озерден, основач на Универзитетот Билги. Тој успеал да ја убеди владата на Реџеп Тајип Ердоган и министерството за енергетика и природни ресурси да го искористат неговиот план.[1] Договорот бил потпишан во 2004 година.[2] Свеченото отворање на музејот се случило на 8 септември 2007 година. Музејот бил посетуван од страна на околу 1.500.000 посетители.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Newspaper Radikal July 21, 2007 (турски)
- ↑ Newspaper Yeni Şafak, May 2, 2004 (турски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Музеј Сантрал Истанбул“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (турски)
- Hayal Saati Архивирано на 3 март 2016 г. (турски)
- Yapı[мртва врска] (турски)
- Universes in Universe[мртва врска] (германски)
- Kamca[мртва врска] (турски)