Музеј Моко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Музеј Моко
Основанаприл 2016
МестоХонторстрат 20, 1071 Амстердам
ТипМузеј на модерната и современата уметност
Мреж. местоhttps://mocomuseum.com/

Музеј Моко (Modern Contemporary Museum, Модерен современ музеј) — независен музеј сместен во Амстердам, Холандија и Барселона, Шпанија, посветен на изложување на модерна и современа уметност. Музејот е основан со мисија да привлече поширока и помлада публика и да ја направи уметноста достапна за јавноста.[1]

Museum in Amsterdam

Музејот Моко во Амстердам се наоѓа на Музеумплејн (македонски: Музејски плоштад), во историската Вила Алсберг, градска куќа дизајниран во 1904 година од страна на Едуард Кајперс внук на Пјер Кајперс, дизајнер на Централната станица на Амстердам и Рајксмузејот. Градската куќа била една од првите резиденции во приватна сопственост на Музејскиот плоштад и останала таква до 1939 година.[2] Музејот Моко ги отворил своите врати во април 2016 година.[3]

Музејот Моко во Ла Рибера, Барселона е во историската Палау Сервељо-Гиудис, поранешна приватна резиденција на благородничкото семејство Сервељо до 18 век. Зградата вклучува делови од претходна градба од 15 век, за што сведочи внатрешниот двор, заоблените скалила со столбови, капителите и лајсните од ренесансниот тип.[4] Исто така, Палау Сервељо има импресивен готски фасаден влез.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nieuw Moco Museum mikt op 'lekker toegankelijke kunst'. NRC (холандски). Посетено на 2019-06-03.
  2. „Moco Museum - Modern, Contemporary & Street Art Amsterdam“. Moco Museum (англиски). Посетено на 2019-06-03.
  3. „MOCO Museum in Amsterdam - Modern and Contemporary Art“. AmsterdamTips.com (англиски). 2021-08-21. Посетено на 2021-10-11.
  4. „Palau Cervelló-Giudice“. oldbcn.com. Посетено на 2021-10-08.
  5. „Palacio Cervelló-Giudice“. oldbcn.com. Посетено на 2021-10-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]