Мрачна ноќ (филм од 1945)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мрачна ноќ (англиски: Dead of Night) - британски филм од 1945 година, во режија на Алберто Кавалканти, Чарлс Кринчтон, Бејсил Диарден и Роберт Хамер]. Главните улоги ги толкуваат: Марвин Џонс, Мајкл Редгрејв, Роланд Карвер, Гуги Витерс, Фредерик Валк, Џуди Кели, Бејсил Редфорд, Фредерик Валк итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Архитектот Валтер Крег (го игра Џонс) оди во провинцијата поради некоја работа. Кога влегува во куќата, тој е вџашен бидејќи јасно се сеќава на глетката од еден кошмарен сон кој го сонува постојано. Во куќата се наоѓа и еден доктор психолог (го игра Валк), кој се нафаќа да го објасни неговиот случај и тогаш присутните луѓе започнуваат да ги кажуваат своите необични случки. На крајот, Крег го убива докторот, а потоа наеднаш му се случуваат сите нешта за кои претходно раскажуваат присутните. На крајот, тој е уапсен и затворен, а во затворската ќелија го дави една кукла што зборува. Во тој миг, Крег се буди од кошмарниот сон и добива телефонски повик, по што заминува во провинцијата поради некоја работа...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]