Мојца Злокарник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мојца Злокарник
Mojca Zlokarnik
Роден(а)20 август 1969(1969-08-20)(54 г.)
Љубљана , Социјалистичка Република Словенија ,СФР Југославија
ЖивеалиштеЉубљана, Словенија
НационалностСловенка
Занимањеграфичар

Мојца Злокарник ( словенечки Mojca Zlokarnik) е академска: сликарка и графичарка, вонредна професорка и уредничка, родена е во 1969, Љубљана, Словенија[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршила Академија за ликовна уметност и обликување на Универзитетот во Љубљана. Во 1995 година завршила постдипломски студии кај професорката и сликарка Метка Крашовец а магистрирала графика кај професорот Лојзе Логар .Студиски престојувала во Прага, Њујорк и Париз, Бугарија, Германија[2]. Од 2001 до 2015 година била главен и одговорен уредник на познатата ликовна ревија Ликовни беседи. Денес е член на уредничкиот одбор. Напишала голем број ликовни критики, огледи, есеи, прикази, објавени во истоимената ревија[3].

Работи како предавач по ликовна теорија на Високата школа за уметност на Универзитетот во Нова Горица, на Педагошкиот факултет во Марибор и како ментор на одделот за графички техники на Меѓународниот графички центар - МГЛЦ во Љубљана.

Творештво[уреди | уреди извор]

Творештво и е реализирано во доменот на сликарството и графиката.Нејзино примарно изразно средство е бојата. Боите хармонично ги поставува во линиски систем со што обединува сликарство графички ликовен израз со кобинација на широк спектар на бои[4].

Нејзината естетика и стил припаѓаат на аналитичка апстракција, во која вметнува рефлексивна лирска расоположба. Додека во графиката истражува изразити експресивни опции[5].

Избор од самостојни изложби[уреди | уреди извор]

  • 2018 - Градот на боите, копродукција со Кино Шишка, Љубљана
  • 2018 - Vertigo, галерија Кресиља, Љубљана
  • 2017 - Немо говорење, Дом на културата, Нова Горица
  • 2016 – Место и боја, Љубљана
  • 2015 – Три бои, Галерија - Кршко
  • 2015 – Во чест на Фран Весел, Галеријата на ЗДСЛУ, Љубљана
  • 2014 – Не плашете се, вие сте нај добри, Кибла Портал, Љубљана
  • 2013 – Објект на опсервација, Галерија Мурска Собота, Мурска Собота Sobota, Murska Sobota
  • 2013 – Продукција 2010-2012, МГЛЦ, Љубљана
  • 2011 – Персона, галерија на институтот Јозеф Штефан
  • 2009 – Блесок, галерија - Божидар Јакац, Костањевица при Крка
  • 2008 – Малиот Бенарес, Хлоа, Галерија - Екурна, Љубљана
  • 2007 – Малиот Бенарес , Галерија - Микловата куќа, Рибница
  • 2006 - Уметничка асоцијација Ахен, Ахен Германија
  • 2004 - Како да се дофати материјалното пред да се изгуби во ништото, Галерија Ложа Копер и Галерија М, Целовец, Австрија
  • 2003 - Слики на хартија , Петоаголен столб, Љубљански град, Љубљана и Како да се дофати материјалното пред да се изгуби во ништото, Шовчеба куќа, Радовљица
  • 2000 - Графики, Галерија - Медуза, Копер и Хартиени слики, Галерија Екурна, Љубљана
  • 1999 - Галерија Библиотека на Кирил Космач, Толмин
  • 1997 - Словенија + Франција, Галерија Ду Баллај, Руен, Франција и Пронајди се себеси во другиот, КУД Франце Прешерн, Љубљана
  • 1996 - Галерија Куќа, Марибор
  • 1994 - Капелица - Галерија K4, Љубљана
  • 1993 - Гледајте ја, грабнете ја, изедете ја - сликата, Галерија Екурна, Љубљана

Награди[уреди | уреди извор]

  • 2016 - Номинација за награда - Кралицата Соња за графичко творештво, Норвешка
  • 2005 - Награда на Мајскиот салон, Словенија,
  • 2000 - Почесно признание, 5 Меѓународно графичко триенале, Шамолиер, Франција,
  • 1998 - Откупна награда, DLW Aktiengesellschaft; Bietingheim-Bissingen, Германија
  • 1998 - Откупна награда, 11- то Графичко триенале, Талин,
  • 1996 - Прва награда за анимиран филм - „Кршливоста на најубавите теории“, Фестивал на независни филмови и видеа, Словенија

Библиографија[уреди | уреди извор]

Мојца Злокарник - „Како да се дофати материјалноста пред да се претвори во ништо“, Музеј на радовљишката општина, 2002[6].

Мојца Злокарник - Објект на опсервација“, Галерија на Мурска Собота, 2013[7].

Мојца Злокарник - Слики и графики, папербак, 1999[8].

Мојца Злокарник - Немо Говорење,Општинска галерија, Нова Горица, 2017[9].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1][мртва врска]
  2. „Zlokarnik“. Архивирано од изворникот на 2019-04-24. Посетено на 2019-04-24.
  3. zbirke
  4. Zlokarnik[мртва врска]
  5. BARVE[мртва врска]
  6. „ujeti materialnost“. Архивирано од изворникот на 2019-04-24. Посетено на 2019-04-24.
  7. [2]
  8. in grafike
  9. govorjenje

Надворешни врски[уреди | уреди извор]