Мохоси
Вкупен број | |
---|---|
20,805 (2000)[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Боливија (Бени) | |
Јазици | |
игнасијански, шпански[1] | |
Вероисповед | |
Католицизам | |
Сродни народи | |
Тринитаријци |
Мохосите, Мохоанците или Мохењите (Moxos, Moxeños, Mojos) се староседелски народи во Боливија. Мохосите живеат во центалните предели на департманот Бени, во близина на реката Мадејра, поточно на бреговите на реката Маморе.
Традиционално, Мохосите биле ловци и берачи на плодови, како и фармери и сточари.[1] До 1564 година Мохосите биле под управа на Инките, а по доаѓањето на Шпанците под шпанска колонијална управа. За време на колонијалниот период Мохосите станале католици. Во првата половина на 20 век имало околу 30.000 Мохоси. Мохоанскиот идентитет се создал со спојување на неколку етнички групи.[2]
Јазик
[уреди | уреди извор]Мохосите зборуваат на игнасијански јазик, кој е дел од групата на јужномајпурански јазици од семејството на аравачки јазици. Јазикот се користи за секојдневна употреба и се користи во основното образование (првите години). Речник и Новиот завет биле објавени во 1980 година на игнасијански јазик.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 "Ignaciano." Ethnologue. Retrieved 14 March 2012.
- ↑ Molina Argandoña, Wilder.; Cynthia. Vargas Melgar, Pablo. Soruco Claure (2008). Estado, identidades territoriales y autonomías en la región amazónica de Bolivia. La Paz: PIEB. стр. 93. ISBN 9995432242 9789995432249 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help).
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|