Мохамед Гамуди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мохамед Гамуди
Лични податоци
Изворно имеمحمد التليلي بن عبدالله
Родено имеМохамед Тлили бен Абдулах
Роден(а)11 февруари 1938 (1938-02-11) (81 г.)
Сиди Аиш, Тунис
Спорт
ЗемјаТунис Тунис
СпортАтлетика
Дисциплинитрки на долги патеки
Успеси и титули
Лични рекорди800 метри: 1:51.2[1]
1500 метри: 3:41.9[1]
3000 метри: 7:50.2[1]
5000 метри: 13:27.33[1]
10,000 метри: 27:54.59[1]

Мохамед Гамуди (арапски: محمد التليلي بن عبدالله), (роден на 11 февруари 1938 г.) — туниски атлетичар кој бил специјализиран за трките на долги патеки на меѓународните натпреварувања. Тој настапувал за Тунис на Летните олимписки игри во Токио, Мексико, и Минхен и освоил четири медали, од кои еден златен, на трката на 5000 метри на игрите во Мексико.

Роден во Сиди Аиш, во Тунис, Мохамед Гамуди бил еден од предводниците на африканската револуција на трчање на долги патеки која го сменила ликот на спортот во последните децении од 20. век.

Кариера[уреди | уреди извор]

Средоземни игри 1963 и Летни олимписки игри 1964[уреди | уреди извор]

Гамуди првично се здобил со светско признание на Средоземните игри во 1963 г. во Неапол, каде победил на трките на 5000 и 10.000 метри.[2] И покрај овој успех, Гамуди бил прилично непознат атлетичар кога пристигнал на Летните олимписки игри 1964 во Токио.

На трката на 10.000 метри, фаворитот за победа, светскиот рекордер Рон Кларк од Австралија, потегнал брзо темпо низ целата трка. На еден круг до крајот на трката, Кларк ги отпишал сите негови главни противници, освен Гамуди и Били Милс од САД. По последната кривина, тројцата атлетичари биле израмнети и го разменувале водството. Во последните 50 метри Гамуди го превземал водството, но пред целта бил престигнат од Милс кој го освоил златниот медал. Два дена подоцна, Гамуди бил прв во квалификациите на трката на 5000 метри, но поради никогаш необјаснети причини, тој се откажал од финалето.

Средоземни игри 1967 и Летни олимписки игри 1968[уреди | уреди извор]

Мексико 1968: Гамуди на патот до победата на трката на 5000 метри

Гамуди успешно ги одбранил насловите на трките на 5000 и 10.000 метри на Средоземните игри во 1967 г. во Тунис[3] и бил сметан за еден од главните фаворити на Летните олимписки игри 1968 во Мексико.

Во финалната трка на 10.000 метри во Мексико, Гамуди бил дел од водечката група низ целата трка. Во последниот круг групата се намалила на само три атлетичари, Гамуди, Нафтали Тему од Кенија, и Мамо Волде од Етиопија. Тој бил преминат од неговите двајца конкуренти и на крајот го освоил бронзениот медал. Два дена подоцна, Гамуди се квалификувал за финалето на трката на 5000 метри. Во финалето, тројца атлетичари влегле израмнети во последниот круг, Гамуди, Тему и уште еден кениец, Кип Кеино. Последниот круг бил истрчан со брз чекор, и ако двајцата кенијци претставувале сериозна закана, Гамуди го превземал водството и прв стигнал на целта освојувајќи го својот прв олимписки златен медал.

Средоземни игри 1971 и Летни олимписки игри 1972[уреди | уреди извор]

На следните Средоземни игри, одржани во Измир во 1971, Гамуди го освоил сребрениот медал на трката на 5000 метри. И покрај разочарувачкиот настап во Измир, Гамуди повторно бил сметан за фаворит на трките на 5000 и 10.000 метри на Летните олимписки игри 1972 во Минхен.

Во финалната трка на 10.000 метри во Минхен, група од девет атлетичари ја предводела трката пред влегувањето во последниот круг, но тогаш финецот Ласе Вирен одеднаш се сопнал и паднал, и го бутнал Гамуди кој паднал врз него. Вирен брзо станал и на крајот успеал да победи, а Гамуди иако се кренал на нозе сепак пред крајот се повлекол од трката. Во споредба со трката на 10.000 метри, почетокот на трката на 5000 метри бил со спор чекор, и Гамуди бил дел од големата збиена група која трчала заедно првите 3000 метри. Во последните 2000 метри, Ласе Вирен и американецот Стив Префонтејн се издвоиле од групата. На целта, Гамуди стигнал како втор, веднаш зад Вирен кој поставил нов олимписки рекорд.

Наводи[уреди | уреди извор]