Мохамад Катами

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мохамад Катами
Роден 14 октомври 1943(1943-10-14)(80 г.)
Ардакан, Иран
Познат Политичар

Мохамад Катами (персиски: سید محمد خاتمی; Ардакан, 29 септември 1943) е ирански политичар, сајед, писател и академик, петти претседател на Исламската Република Иран.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден во Ардакан во централниот Иран и студирал теологија во Ком и филозофија на универзитетот во Исфахан. Освен персискиот активно се служи со англискиот јазик, арапскиот и германскиот јазик, а едно време живеел во германскиот Хамбург . Предавал политички науки на Универзитетот во Техеран. Во 1997 година бил избран за претседател на Иран, со преголема победа од 69,6% од гласовите во првиот круг, и со тоа означи крај на 18-годишната доминација на конзервативните политички струи.

Катами во март 1999 година ја посетил Италија, што била прва посета на шеф на иранска држава на една западна земја од Исламската револуција во 1979 година. За време на посетата Катами се состанал со поглаварот на римокатоличката црква Јован Павле II во Ватикан, како највисок ирански водач кој го посетил папата. На премин во 21 век презел низа либерални реформи кои направиле популарен кај народот, но релативно неуспешната економска политика резултирала со враќање на конзервативните струи односно победа на Ахмадинежада по истекот на двата катамиеви мандати. Катими е познат по теоријата за "дијалог на цивилизацијата настанати како одговор на хантингтоновите тези за Судир на цивилизации.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]