Мост на Жепа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мостот на Жепа

Мостот на реката Жепамост кој се наоѓа на реката Жепа, во населеното место Жепа во општина Рогатица во Република Српска во Босна и Херцеговина. Камениот мост датира од Отоманското Царство и нејзината окупација на Босна. На самото устие на реката мостот се наоѓал сè до 1966 година, кога бил демонтиран и реконструиран на друга локација поради изградбата на Хидроелектраната „Баина Башта“. Новата локација се наоѓа на 500 метри од населеното место Жепа, недалеку од објектот Реџеп-пашина кула, која е изградена во исто време со мостот. Мостот е на списокот на национални споменици на Босна и Херцеговина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во старите записи и патописи нема податоци за градителот и времето на изградба на мостот, ниту пак има останато плоча со запис од сличен карактер. Како и за другите споменици од тој период, луѓето создале легенди и преданија. Така, една легенда вели дека, мостот бил изграден од еден ученик на Мимар Синан, градител на мостот во Вишеград. Друга легенда вели дека, тој е дело на везирот Јусуф.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • (српски) Херман, К.,Гласник Земаљског музеја, 1889.