Мост кај Бешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мост кај Бешка
Мост код Бешке
Most kod Beške
КоординатиКоординати: 45°10′11″N 20°4′47″E / 45.16972° СГШ; 20.07972° ИГД / 45.16972; 20.07972
НосиE75 во Србија
ПреминуваДунав
МестоБешка, Србија
Особености
Вкуп. должина2205 m
Ширина14,40 m
Висина68,20 m
Најдолг распон210 m
Натпростор50 m[1]
Местоположба
Карта

Мост кај Бешка (српски: Мост код Бешке) – бетонски мост на Дунав близу до Бешка, Србија. Мостот бил пуштен во сообраќај во 1975 година во рамките на проектот автопат Белград-Нови Сад-Суботица и е најголемиот мост на Дунав.

Првиот мост бил дизајниран од архитектот Бранко Жежељ, кој ги дизајнирал и Хала 1 на Белградскиот саем, Жежељовиот мост и станицата Прокоп. Го градела „Мостоградња“ од 1971 до 1975 година[1] Двапати бил бомбардиран и делумно разурнат за време на бомбардирањето на НАТО на Србија на 1 април 21 април 1999 година. Кратко време по завршувањето на бомбардирањето бил времено саниран и повторно отворен на 19 јули 1999 година со оглед дека е важен дел од автопатот Е75.

Од 2008 до 2011 година изграден е мост близнак веднаш до првиот, од десна страна. Градбата ја вршел конзорциум под водство на австриската група Алпин Бау и бил пуштен во сообраќај на 3 октомври 2011 година [2]. По неговото пуштање во употреба, стариот мост бил затворен за реконструкција и повторно пуштен во сообраќај во август 2014 година[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Нов мост Бешка“ (српски). Путеви Србије. Архивирано од изворникот на 2015-09-24.
  2. „Набрзо решение за мостот кај Бешка“ (српски). РТВ Србија.
  3. „Од недела без сообраќај на мостот кај Бешка“ (српски). Blic.