Мост Келбранд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мост Келбранд
Köhlbrandbrücke
Koehlbrandbruecke.wmt.jpg
Мостот Келбранд над Хамбуршкото пристаниште
Носи Автомобили
Минува Келбранд, дел од реката Јужна Елба
Место Хамбург, Германија
Особености
Вид Висечки мост
Вк. должина 3.618 м
Ширина 17.5 м
Висина 135 м
Најдолг распон 325 м
Потпростор 55 м над среден прилив
History
Почнат 1970
Завршен 1974
Отворен 20 септември 1974
Затворен околу 2028[1]
Сообраќај
Дневен сообраќај 30.000 автомобили
Мостарина слободен
Мост Келбранд се наоѓа во Хамбург
Мост Келбранд

Мостот Келбранд (германски: Köhlbrandbrücke) е висечки мост во Хамбург, Германија, кој ја поврзува пристанишната површина на островот Вилхелмсбург помеѓу Северна и Јужна Елба, делови на реката Елба со автопатот 7 (излез Валтерсхоф). Ја премостува Јужна Елба, тука наречена Келбранд, пред се спои повторно со Северна Елба. Мостот бил отворен во 9 септември 1974.

Историја[уреди | уреди извор]

Мостот бил проектиран од Ханс Витфот и Егон Јукс. Биле потребни години да се изгради.

Од отворањето на мостот само двапати бил отворен за пешаци, на денот на отворање 1974 и на неговиот 30-ти роденден во 2004. Меѓутоа, прекрасниот поглед над градот Хамбург не е целосно ограничен за возачите на автомобилите и камионите. Мостот е на рутата на годишната велосипедска трка Ватенфал Класик во Хамбург, дел од светската турнеја UCI. Добар број на аматери, кои учествуваат во трката прават пауза на врвот на мостот Келбранд.

Неколку луѓе извршиле самоубиства со скокања од мостот Келбранд.

Мостот бил спектакуларна локација во германскиот трилер од 1987 Der Joker, во кои играат Петер Мафај и Мајкл Јорк.[2] Исто така, бил прикажан во видеоиграта Call of Duty: Modern Warfare 3, во текот на мисијата „Goalpost“.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Мостот е направен од околу 81.000 м³ бетон и 12.700 тони челик. Секој дел, околу 30.000 автомобили преминуваат преку мостот. Вкупните трошоци изнесувале 160 милиони германски марки.

Мостот бил направен од 88 челични кабли (секој со дијаметар од 10 цм). Тој е 3.940 метри долг, централниот дел 325 метри. Носен е од 75 далноводи (највисокиот во висина од 135 метри) за да достигне висина од 55 метри, дозволувајќи им на бродовите да поминуваат под него, дури и во висока плима Патот има косина од 4%.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]