Прејди на содржината

Мостот на слободата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мостот на слободата во Венеција

Понте дела Либерта (Мостот на слободата) претставува спој помеѓу еден железнички и еден патен патен мост. Должината на мостот изнесува околу четири километри (поточно 3.850 метри). Тој ги поврзува историскиот центар (дел) на Венеција со копното.

Тоа е единствениот пристапен пат, а воедно и железница за сообраќај на автомобили и возови од Плоштадот Рома на копното до островот Трончето.

Историја[уреди | уреди извор]

„Мостот на слободата“ кој ја поврзува Венеција со копното се состои од два моста изградени еден покрај друг и потекнуваат од различни периоди. Железничкиот мост познат како „големиот мост на венецијанската лагуна“ е изграден и пуштен во употреба на 11 јануари 1846 година како дел од железницата Фердинанд која ги поврзува градовите Милано и Венеција (многу подоцна во 1970 година железничкиот мост бил удвоен во својата ширина и постојаните две платформи биле зголемени на вкупно четири). Некаде во 1933 година, поточно на 25 април бил пуштен во употреба и патниот мост наречен „Понте Литорио.

Сегашното име на двата моста им било дадено во 1946 година[1] по завршувањето на Втората светска војна, како еден дел од отстранувањето на референците за фашизмот. Изборот на новото име на мостот било воспоставено според новиот национален празник воведен на 22 април истата година од тогашниот поручник Умберто II Савојски. Тој го одредил денот 25 април - како датум на историскиот празник на градот Венеција. Овој датум бил и датумот на кој Италија се има ослободено од нацистичката окупација и воедно се празнува и годишнината од ослободувањето на Италија.

Железничкиот мост[уреди | уреди извор]

Идејата за поврзување на Венеција со копното била претставена во 1823 година од страна на Лујџи Казарини, додека првите модерни проекти за изградба на мост помеѓу историскиот центар на Венеција и копното воделе потекло малку потоа, некаде од 1830 година.[2] Првиот студии на тековниот проект за железнички мост биле завршени во месец декември 1836 година од страна на инженерот Томазо Медуна.[3] На овој проект следувале неколку модификации направени од инженерите Џовани Милани и Лујџи Дуодо. Работите за изградба на мостот на 7 април 1841 година му биле доверени на претприемачот Антонио Бусето-Петих. Пред давањето на проектот во рацете на архитектот била извршена уплата на гаранција од околу триста илјади австриски лири за со нив да се гарантира сериозноста на извршување на договорот. Со тој договор желесничкиот мост требало да биде готов за време од четири и пол години.[4] Изградбата на работата на железничкиот мост вклучувала и поставување на нов аквадукт кој би ја носел водата од реката Силе до центарот на Венеција. Со тоа во целост требало да се реши непреченото снабдување со вода за пиење на историскиот дел на Венеција.

Железничкиот мост над лагуната претставен преку една историска слика

На 25 април 1841 година, на страната од кај копното се одржала церемонијата на ставање на камен-темелникот. Церемонијата ја благословил патријархот на Венеција, кој заедно со првиот камен поставил и два златника. На поставувањето на камен - темелникот присуствувал и заменик управителот на Кралството Ломбардија-Венеција, надвојводата Раниери Џузепе, од Хабсбург-Лорен. Подоцна врз проектот се извршила мала корекција и дошло до поместување од почетната точка за триестина метри во однос на тоа каде бил поставен првиот камен.[2]

Градежните работи на мостот вклучувале фиксирање врз околу 75.000 погонски столбови и точно 222 ѕидарски сводови.[2] Официјално почетокот на изградбата на мостот започнал на 10 мај 1841 година, а завршницата била на 27 октомври 1845 година. Двата колосека на железницата биле готови и веднаш потоа на 4 јануари 1846 година било извршено првото пробно железничко патување.[5] Официјалното отворање на „големиот мост во венецијанскиот залив“ се одржало на 11 јануари 1846 година.[6][7] На 14 јануари пак тргнал првиот воз од правец на станицата Санта Луција во Венеција кон копното.[8]

Во месец јуни 1849 година, поради австриската опсада на градот Венеција, новоизградениот мост преку венецијанскиот залив бил сцена на тешки битки. Тука во непосредна близина на мостот била поставена артилериската позиција во Сан Антонио. Во спомен на паднатите борци за одбрана на мостот, но и на градот е изграден споменик надополнет две тогашни орудија (топови). Овој споменик постои и денес на истата локација.

Во 23:50 часот (приближно) на 8 октомври 1920 година, директниот воз број 184, кој тргнал во правец од Венеција за Милано, случајно застанал на мостот непосредно пред да пристигне на станицата Местре. Застанувањето било на начин што не било можно веднаш да се забележи од страна на тогашните безбедносни системи. Поради тоа експресниот воз со број 619 кој се движел во правец од Трст преку Венеција и назад кон Рим, трнувајќи од Венеција за Рим само десет минути по оној со реден број 184 предизвикал страшен удар во веќе застанатиот воз. Во железничката несреќа на мостот кај Венецијанската залив загинале 25 лица, а над 30 биле повредени.[9]

Во 1970-тите, шините на железничкиот мост биле двојно зголемени, од два колосека дотогаш нараснале на сегашните четири.[10]

Патниот мост[уреди | уреди извор]

1933 - Инаугурација на тогашниот Мост Литорио во Венеција.

Патниот мост над венецијанскиот залив денес или наречен „Мостот на слободата“ започнал да се гради со изготвувањето на проектот од 1931 година. Овој проект го изготвил инженерот Еугенио Миоци. При изработката на проектот за патниот мост се водело сметка во истиот проект да биде опфатен и веќе постоечкиот жалезнички мост.[11][12][13][14] Архитектот го искористил, односно во доста го надградил, проектот на инженерот Виторио Умберто Фантучи, нормално со соодветни модификации и преуредувања. Конструкцијата на мостот била широка 22 метри. Таа била изградена од армиран бетон и камен, од страна на компанијата Феробетон. Мостот бил изграден за рекордни 18 месеци.[15]

Мостот на слободата, фотографиран од страната на заливот.

Патниот мост бил пуштен во употреба во 1933 година. Одлучено било тој да го носи името „мостот Литорио“. Името на мостот била желба на принцот Умберто од Савоја и на неговата сопруга Марија Хосе од Белгија кои присуствувале на отворањето. Точниот датум бил 25 април 1933 година, токму денот кога е и празникот на Сан Марко, инаку традиционален венецијански празник (присутен на отворањето бил и Бенито Мусолини).

Од денешна гледна точка од делот на италијанската патна мрежа, мостот спаѓа во последниот дел на рутата СП 11 Падана Супериоре (горната долина на реката По). Овој мост е управуван од подружницата на Венето Страде (патиштата на покраината Венето). Патниот мост се состои од по две ленти во секој правец. Од двете страни постојат два широки тротоари кои функционираат како велосипедска патека. Последниот дел од мостот, од страната на градот Венеција (островот) има само еден тротоар (недостасува оној од страна на железничката траса), бидејќи коловозот кон влезот на Венеција од две ленти преминува во три ленти (затоа што едната лента, онаа третата кој би требало да биде тротоар е резервирана за јавен превоз). Од 2016 година, велосипедската патека која е дополнително додадена поради тесниот простор продолжува со конзолна изведба покрај мостот. На коловозот наменет за автомобили се наоѓаат и шините на трамвајската линија која ја поврзува Венеција со копнениот дел на Фаваро Венето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Omad – Ponte della Libertà a Venezia“. Архивирано од изворникот на 2017-07-30. Посетено на 2023-03-18.
  2. 2,0 2,1 2,2 Saggio di bibliografia veneziana. 1. стр. 724.
  3. Primi studi dell'ingegnere Tomaso Meduna di Venezia, intorno al Progetto di un Ponte sulla veneta laguna ad uso della strada ferrata tra Venezia e Milano.
  4. „Venezia e il "miracolo" del ponte“. 2009-12-12.
  5. Bullettino di notizie statistiche et economiche. Italiane e Straniere. 13. стр. 280.
  6. A Venezia per l'apertura del ponte sulla laguna. Ode dell'avvocato Luigi dott. Basso. Padova: Coi Tipi del Seminario.
  7. Il gran ponte sulla veneta laguna che congiunge Venezia colla terraferma fatto costruire dalla Società dell'I.R. Privilegiata Strada Ferdinandea Lombardo-Veneta. Inaugurato il giorno 11 gennaio 1846. Cenni storici ed artistici di G. G. Venezia: Dalla tipografia di Giovanni Cecchini.
  8. Venezia nel Regno Lombardo-Veneto: Un caso atipico (1815-1866). Milano: FrancoAngeli. стр. 50. ISBN 8891731641.
  9. „Il disastro ferroviario sul Ponte della Laguna“. 9 ottobre 1920. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „Cisalpino a Venezia“. 31 ottobre 2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. Nel 1846, quando Venezia era inclusa nel Regno Lombardo-Veneto degli Asburgo, venne realizzato il ponte ferroviario sulla laguna, quale parte della costruenda Ferrovia Ferdinandea che nel 1857 collegò Milano con Venezia (allora forzatamente via Bergamo, e dal 1878 direttamente da Treviglio a Brescia). Tale ponte ferroviario venne inaugurato il giorno 11 gennaio 1846 e aperto al pubblico il giorno 14 successivo. L'ingegner Andrea Noale ha diretto i lavori del ponte. L'ingegnere Cesare Bermani quelli dell'armamento. Per l'esecuzione dei lavori il Petich fu assistito dall'amicizia dell'ingegnere Pietro Modulo, parente del celebre giurista di Padova, Antonio Modulo, autore, assieme a Gio. Batta Cavallini, del famoso Notarelon, primo inventario alfabetico analitico degli atti civili esistenti in città. Al tempo della sua costruzione era il ponte più lungo del mondo. Già originariamente a due binari, venne ampliato negli anni settanta del XX secolo per accogliere quattro binari. I due binari nuovi furono attivati il 20 novembre 1978, ma subito dopo vennero chiusi quelli vecchi per risanare la struttura; l'esercizio su tutti i quattro binari iniziò nel 1984.
  12. Il Veneto e i beni culturali Patrimonio Mondiale Unesco, 2012, Touring Editore, p. 21
  13. Del Zotto & p. 21.
  14. „Ponte lagunare fra Venezia e terraferma“.
  15. G. Krall, The Bridge over The Lagoon at Venice, in Atti del congresso dell'IABS (International Association for Bridge and Structural), 1936.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Eugenio Miozzi, Il nuovo ponte tra Venezia e la terraferma, in Le Strade, anno XVII, n. 5, Milano, Touring Club Italiano, maggio 1933, pp. 113–126.
  • „Nuove prospettive per il vecchio ponte“. aprile 1984. стр. 28–31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Други проекти[уреди | уреди извор]