Мостот на Дрина (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мостот на Дрина (српски: Na Drini ćuprija) - роман на југословенскиот писател Иво Андриќ.[1] Роман се развива преку раскажувањето за градење на мостот преку реката Дрина во босанскиот град Вишеград. Градење на мостот го нарачал Мехмед-паша Соколовиќ, прочуениот војник и војсководач на Османското царство кој по роѓење бил Србин од Рудо. Уште како мало момче, Бајица, бил одведен со останатите грабнати деца како данок во крв во Цариград.

Дејството на романот трае речиси четири века и содржи повеќе приказни поврзани за мостот на Дрина, кој е точка околу која сè се врти и главниот симбол на нарацијеата. Самиот мост на некој начин претставува спротивност на човековата судбина која е минлива во однос на камената градба, што е вечна. И околу него се плетат животи и приказни за историски личности , но и за маргинални, безимени ликови кои се плод на мечтата на писателот или задржан спомен од старите градски нарации.

Хронолошка поделба на романот Мостот на Дрина[уреди | уреди извор]

Иво Андриќ во овој, како и во другите свои романи применил постапка на воспоставување книжевна хроника (такви се и романите Травничка хроника и Омер паша Латас па може да се каже дека Мостот на Дрина е Вишеградска, а Омер паша Латас, сараевска хроника за живот и животни премрежија во османлиските касаби.

Во романот Мост на Дрина Андриќ хронолошки го опиал секојдневниот живот во вишеградската касаба на брегот на реката Дрина,во која живееле заедно и Турци и христијни со сите свои посебности и потреби. Главниот лик на овој роман е токму тој древниот, камен мост со кој спојувањето на двата брега означувало и спојување(во одредени временски периоди) на две држави, Босна и Србија, но во исто време и оној клучен, секогаш егзотичен, секогаш предизвиклив спој и судир на Запад со Исток.

Во романот се опфатени три раздобја со нивни специфичности:

  • Време на турскиот феудален растеж и пашањето;
  • Време на воените случувања на Балканот по Турското губење на доминација, (анексија н Босна и Херцеговина);
  • Година 1914, силниот налет на новото време и несопирливи бури во најава.

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Во романот „Мостот на Дрина“ се сменуваат неколку векови кои ги поврзува еден мост, како врска меѓу Ориентот и Западот. Притоа, мостот им одолева на бурите на историјата, а со својата величенственост и со осамената убавина се воздигнува не само над градот, туку и над времето. Мостот е главниот лик на овој роман: тој е сведок на човечките трагедии, неговата ограда е испрскана со човечка крв, немо го набљудува сменувањето на крупните историски епохи и цивилизации. „Мостот на Дрина“ е поетично, артистичко и, истовремено, многу умно дело. Во романот се прикажани епски историски слики заедно со нежни психолошки моменти од човечкиот живот, а во него се соединуваат сите карактеристики на Андриќ како раскажувач: поетичност во сликањето на човековата трагика, ангажирана мисловност во третманот на големите теми, моќ за длабоко нуркање во човековата психа и голема дарба за портретирање на ликовите и за сликање на околината.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nikola Mirković - Ivo Andrić - studija, S. B. Cvijanović, Beograd, 1938. godine;
  2. Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 168-169