Мостот кај Андау
Мостот кај Андау (германски: Brücke von Andau; унгарски: Andaui-híd или Mosontarcsai-hid) — мал мост над каналот Ајнзер, дел од границата помеѓу Австрија и Унгарија. Се наоѓа близу селото Андау (Градиште, Австрија).
Историја
[уреди | уреди извор]Со почетокот на немирите во летото 1956 година, сè повеќе Унгарци бегаа на запад преку границата со Австрија. Иако беше само мал дрвен мост преку мал канал, мостот кај Андау бил бегалска рута за околу 70.000 Унгарци во текот на Унгарската револуција.
По преминот на границата, бегалците морале да пешачат девет километри, „Патот на слободата“ (Fluchtstrasse), до селото Андау, каде биле пречекувани со големо гостопримство од жителите на Андау и околните села.
На 21 ноември 1956 година, мостот бил срушен од советските трупи.
Денес
[уреди | уреди извор]Во 1996 година, на 40-годишнината од Унгарската револуција, мостот бил повторно обновен како симбол на толеранцијата и помошта. Со заедничка акција на австриската и унгарската војска, бил заменет стариот мост, кој бил изграден од селаните за сообраќајни цели. Во исто време, „Патот на слободата“ бил користен за отворена изложба со наслов „Патот на маките“, прикажувајќи околу деведесет скулптури и други уметнички дела на унгарски и австриски уметници.
Книжевност и филм
[уреди | уреди извор]Како симбол на слобода, мостот не добил слава само со книгата „Мостот кај Андау од Џејмс Миченер (1957), но исто така станал светски познат споменик. Мостот кај Андау е исто така тема во Носачот III, австриски филм кој ја обработува Унгарската револуција на малку хумористичен начин.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мостот кај Андау на Ризницата ?
- Der Bockerer III на IMDB
- The Bridge At Andau на Amazon
- Фотографии од мостот и околината Архивирано на 14 јануари 2005 г.