Мостовите на округот Медисон (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мостовите на округот Медисон е американски филм, во режија на Клинт Иствуд. Главните улоги ги толкуваат: Клинт Иствуд, Мерил Стрип и Ени Корли.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Франческа (ја игра Стрип) живее мирен живот на една фарма во Ајова, заедно со мажот и со двете деца. Сето тоа се менува кога фотографот на „Нешенел џиографик“, Роберт Кинкејд (го игра Иствуд), доаѓа на нејзината фарма, барајќи го патот до стариот мост во околината. На почетокот, таа се двоуми, но сепак, се согласува да му го покаже мостот. Потоа, тие започнуваат разговор во кој Франческа открива една своја страна за која не била свесна дека ја има. Во текот на четири дена, во кои нејзиното семејство е отсутно, таа остварува љубовна врска со Роберт. Вечерта пред враќањето на нејзиното семејство, тој ја моли Франческа да го напушти домот и да го продолжи животот со него, но таа одлучува да остане дома, останувајќи верна на своето семејство. Неколку дена подоцна, таа повторно го среќава Роберт, а во неа се води тешка душевна борба меѓу љубовта кон него и семејните обврски. Најпосле, Роберт си заминува, годините поминуваат, умира сопругот на Франческа, а нејзините деца се осамостојуваат. Цело време, таа мисли на Роберт, а по смртта на сопругот се обидува да воспостави контакт со него, но без успех. Еден ден, таа добива пакет со личните предмети на Роберт. По смртта на Франческа, нејзините деца дознаваат за нејзината љубов кон Роберт, а нејзината пепел ја фрлаат преку мостот каде се родила нејзината љубов.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 14.
  2. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 14.