Морско прасе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Домашно морско прасе
Заштитен статус
Припитомен
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Подред: Hystricomorpha
Фамилија: Caviidae
Потфамилија: Caviinae
Род: Cavia
Вид: C. porcellus
Биномен назив
Cavia porcellus
(Еркслебен, 1777)
Синоними

Mus porcellus
Cavia cobaya
Cavia anolaimae
Cavia cutleri
Cavia leucopyga
Cavia longipilis

Домашните морски прасиња или заморчиња (лат. Cavia porcellus) се животни коишто припаѓаат на фамилијата Caviidae, род Cavia, и се чуваат како домашни миленичиња. И покрај нивното име, немаат никаква врска со море или со Гвинеја. Овие животни се глодари и имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.

Ова животно е припитомен вид (Cavia porcellus) на јужноамериканското морско прасе (семејство Caviidae). Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 cm. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките, а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување. Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата. Ова животно може да има свиоци на неговото крзно или пак да биде со рамно крзно.

За чување: -Женките првиот сексуален однос мора да го имаат пред да наполнат 8 месеци и да се породат пред да наполнат една година, пошто карлицата зараснува, и ембрионот т.е малечките(2-5 во просек) не можат да излезат по природен пат па ќе треба царски рез( а кај нас никој не ти се нафаќа на тоа) и секогаш приказната завршува Фатално.

-Кога чувате морски прасиња прифатете го ризикот дека ако чувате женка и мажјак, мажјакот е и тоа како сексуално активен уште на едно месечна возраст. Верувајте не сакате да имаат предвремена бременост, а во никој случај не сакате вашата 1 годишна женка да остани бремена и тоа за прв пат, пошто погоре ги наведов фаталните последици и ризикот.Ако ви требаат морски прасиња подобро е да вдомете некое и да биде среќно.

-Ако имате едно морско прасе и сте решиле да вдомите уште едно, тогаш нивниот прв контакт нека биде на неутрална територија, морските прасиња бележат територија преку урината, како кучината, и тоа како ја бранат неа. Немојте да дозволите миленичината уште од прв ден да не се сакаат, пошто тоа ќе остане така.

-За одржувањето хигена нормално потребно е на секои 3-4 дена менување на пилевината, во зависност колку морски прасиња чувате. Капење може еднаш месечно и тоа гледајте со бебешки шампон без многу хемикалии или некоја купка за интимни делови, редовно чешлање, пошто склони се кон митарење, и на секој 2-3 месеци сечење на ноктите, пошто мн брзо растат и често се кршат. Исто така предните запчина им се кршат но не е страшно пошто тие непреќинато растат, па немојте да споулавите ако го видете вашиот миленик со 1 заб. Ако го чувате во кафез нема потреба од камчина за да ги тријат забите, туку тие тоа ќе го правар од оградата на кафезот.

-Исхрана! Зеленчук, краставици, магдонос, зелка, но никако МАРУЛА. Марулата во себе има состојка која што го нагризува црниот дроб на морските прасиња. Многу луѓе се чудат зошто им умреле така одеднаш миленичината а тоа било предизвикано од т.н константно труење со марула. Овошје можете да давате но не во многу големи количини како зеленчук, малце јаболко, мандарина во зимно време, лубеница на лето(и тоа како ја обожаваат) мн малце банана пошто и шеќерот во поголеми количини влијае штетно врз нив. Пошто прасињата се вегетаријанци не смеете ама во никој случај да им давате месо. Исто така не смеете да им давате млечни производи, тие предизвикуваат дијареа која е фатална за нив и тоа во мн краток временски период од само 4-5 часа. Можете преку лето да им купувате и сено, кое е прочистено, наполнете го кафезот или аквариумот до врв, и за 2 дена ќе го снема сеното а воедно и цело време ќе играат со него, нема глас да им чуете. Ова се препорачува во испитна сесија(јунска)

-И за крај кога сме кај звуците...не можам тоа да го опишам, слободно проверете по некои форуми ги имаат снимано гласовите што ги испуштаат животинчинава и отприлика нивното значење. Најинтересно е т.н попкорн скокање, како пуканките. Тогаш се навистина среќни, пуштете ги нека трчаат по кревет и ќе се уверите во ова.

-И последното, не ги пуштајте по дома, ако ги загинете сигурно се наоѓаат во корпата за отпадоци и гризат нешто. И внимавајте да не прегризат некој кабел, фатално е!

Звуци[уреди]

Морските прасиња испуштаат разни звуци кога се гладни, се парат, се лутат и друго.

Размножување[уреди]

Мајката ги носи малите околу 70 дена и тие се раѓаат со нокти, заби, крзно и по неколку дена почнуваат да гризат.