Прејди на содржината

Морски мајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Морски мајмуни се сега познати како ракчиња од саламура (Артемија) кои се користат како нови аквариумски миленици. Развиени во САД во 1957 година[1] од Харолд Фон Браунхут, тие се продаваат како јајца наменети за додавање во вода и најчесто доаѓаат во комплет од три кеси и упатство за користење. Понекогаш во комплетот се приклучени и мал резервоар и дополнителни кесички. Овој производ почнал да се продава во 70-тите години но особено се појавувал со стриповите, и останува присутен во популарната култура.

Историја

[уреди | уреди извор]

Фармите за мравки биле популаризирани во 1956 година од Милтон Левин.[2] Харолд Фон Браунхат измислил производ на база на саламура од ракчиња следната година, 1957 година.[2] Фон Браунхат соработувал со морски биолог, Ентони Д'Агостино, за да се развие соодветна мешавина од хранливи материи и хемикалии во сува форма што може да се додаде во обична вода од чешма за да се создаде соодветно живеалиште за ракчињата да напредуваат. Фон Браунхат доби патент за овој процес на 4 јули 1972 година.[3]

Првично се викале „Инстант живот“ и се продавале за 0,49 долари,[4] но Фон Браунхат го променил името во „Морски мајмуни“ во 1962 година. Новото име било базирано на нивното живеалиште во солена вода, заедно со наводната сличност на опашките на животните со оние на мајмуните.[5]

Морските мајмуни биле интензивно рекламирани во стрипови во текот на 1960-тите и почетокот на 70-тите години[5] користејќи илустрации од илустраторот на стрипови Џо Орландо. Тие прикажувале хуманоидни животни кои немале никаква сличност со ракообразните животни.[6] Многу купувачи биле разочарани од различноста и од краткиот животен век на животните.[5] Фон Браунхат е цитиран како изјавил: „Мислам дека купив нешто како 3,2 милиони страници рекламирање на стрипови годишно. Функционираше прекрасно.“[5]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Колонија се формира со додавање на содржината од пакетче означено како „Прочистувач на вода“ во резервоар со вода. Ова пакетче содржи сол, освежувач на вода и јајца од ракчиња во саламура. По 24 часа, ова се дополнува со содржината од пакетче означено како „Јајца од инстант живот“, кое содржи повеќе јајца, квасец, боракс, сода, сол, малку храна, а понекогаш и боја.[6] Кратко потоа, морските мајмуни се изведуваат од јајцата што биле во пакетчето „Прочистувач на вода“. Потоа на секои седум дена се додава „Храна за раст“ што содржи квасец и спирулина. Најдобрата температура за изведување е 24–27°C. [6] Дополнителни кесички може да се купат на официјалната веб-страница,[7] иако тие не се потребни за благосостојбата на морските мајмуни.

Артемијата обично има животен век од два до три месеци. Под идеални домашни услови, забележано е дека домашните морски мајмуни живеат до пет години. Бидејќи се лесни за размножување и грижа за нив, ракчињата често се користат и како модел организам во научните истражувања за проучување на развојната биологија, генетиката и токсикологијата.[8]

  1. „Official Sea Monkeys Website“. sea-monkeys.com. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 2018-08-16.
  2. 1 2 Berenbaum, May (2000). „Sea monkey see, sea monkey do“. Buzzwords: a Scientist Muses on Sex, Bugs, and Rock 'n' Roll. Joseph Henry Press. стр. 45–49. ISBN 978-0-309-06835-2.
  3. Coopee, Todd (12 May 2015). „Sea-Monkeys“. ToyTales.ca. Архивирано од изворникот на 5 December 2018. Посетено на 3 September 2015.
  4. Walsh, Walsh. „Official Sea Monkeys Website Cite“. sea-monkeys.com. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 2018-08-16.
  5. 1 2 3 4 Walsh, Tim (2005). „Ant Farm and Sea-Monkeys“. Timeless Toys: Classic Toys and the Playmakers who Created Them. Andrews McMeel Publishing. стр. 124–129. ISBN 978-0-7407-5571-2.
  6. 1 2 3 Scott, Sharon M. (2010). „Sea-Monkeys“. Toys and American Culture: An Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 282–284. ISBN 978-0-313-34798-6.
  7. „Order - The Original Sea-Monkeys“. Архивирано од изворникот на 2020-08-09. Посетено на 2020-06-15.
  8. White, Robyn (2022-02-24). „Sea-Monkeys: What are they, how long do they live, and what do they look like fully-grown?“. Newsweek. Архивирано од изворникот на 2022-05-16. Посетено на 2022-05-16.