Морнар
Морнар — лице што служи во морнарица или на брод.[1][2] Занимањето морнар е една од најстарите, а неговите етимолошки корени водат до времето кога едрилиците доминирале во поморскиот сообраќај. Иако првично се однесувал на луѓето што управувале со овие бродови, поимот денес се користи за кадарот на сите видови пловни средства, независно од начинот на погон. Тој ги опфаќа сите што професионално управуваат со бродови — било во воена морнарица, граѓанска трговска флота или во рамките на спортски и рекреативни активности.
Поради романтичните призвуци поврзани со морската стихија и идејата за раздвојување за време на долгите пловидби, образот на морнар во книжевните дела најчесто е прикажан со особини како смелост, издржливост и извесен презир кон копнениот живот.
Морнарите како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Двајца морнари на брегот“ — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „морнар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „морнар“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 71.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Морнар“ на Ризницата ? |