Морис Сев
Изглед
Морис Сев (француски: Maurice Scève) - француски поет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Сев живеел во Лион, во првата половина на XVI век. Кон крајот на животот се повлекол во еден пуст крај во околината на Лион со цел да размислува, слика и компонира.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Под големо влијание на средновековното наследство, со голема доза на мистицизам во кој доминира платонско-петраркистичката идеја за совршената жена, Сев ги пишувал своите десетостихови за Јунакот, кои се одликуваат со сложена симболика со скриено значење од кои многу до ден-денес не се целосно објаснети.[2]