Морис Бланшо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Морис Бланшо
'
Роден(а) 22 септември 1907
Квен, Сон е Лоар, Франција
Починал(а) 20 февруари 2003(2003-02-20) (воз. 95 г.)
Менил Сен Дени, Франција
Установа Универз
Период 20 век
Подрачје Западна филозофија

Морис Бланшо (француски: Maurice Blanchot, роден на 22 септември 1907 во Квен - починал на 20 февруари 2003 во Менил Сен Дени) — француски филозоф, писател, романсие, културен и политички теоретичар. Има силно влијание врз постструктуралистки филозофи како Жак Дерида.

Биографија[уреди | уреди извор]

До 1945[уреди | уреди извор]

Морис Бланшо е роден е на 22 септември 1907 година во селото Квен, департамент Сон е Лоар, регион Бургундија, источна Франција.[1][2][3]. Завршил на Стразбуршскиот универзитет (каде станал близок пријател со Емануел Левинас), а потоа студирал на Сорбона.

Тој потоа се оддадел на кариера како политички новинар во Париз. Од 1932 до 1940 година бил уредник на списанието „Journal des débats“. Во почетокот на 1930-тите, тој придонесел за излегувањето на радикалнии националистички списанија и бил жестоко настроен против германскиот дневен весник „Le rempart“. Во 1936 и 1937 година, исто така имал улога и во екстремниот десничарски месечен весник „Combat“. Во декември 1940 година, тој се запознал со Жорж Батаj, кој пишувал анти-фашистички статии во триесеттите години, и кој му останал близок пријател до неговата смрт во 1962 година. Во предвечерието на Втората светска војна ги симпатизирал нацистите, пишувал антисемитски статии и повикувал на соборување на владата на Блум. Во 1940 година, по нападот на Германија над Франција, Бланшо се одрекол од своите национални убедувања и станал активен учесник во Францускиот отпор. Во средината на 40-тите години конечно се повлекол од политиката и се посветил на литературата, кога уште кон крајот на војната тој издал два романи и два литературни труда. Со цел да го издржува своето семејство, тој продолжил да работи како критичар за списанието „Journal des débats“ (1941-1944). Во овие прегледи тој ги поставил темелите на подоцнешното француско критичко размислување, со испитување на двосмислената реторичка природата на јазикот.

По 1945[уреди | уреди извор]

По војната Бланшо започнал да работи само како писател и теоретичар на литературата. Во 1946 година Бланшо го напуштил Париз и се населил во гратчето Ез во јужниот дел на Франција, каде што ја поминал следната деценија од својот живот. Исто како Жан-Пол Сартр и други француски интелектуалци од тоа време, така и Бланшо ги одбивал сите награди кои му биле нудени. Во периодот 1953-1968 година објавувал редовно во „Nouvelle Revue Française“. Во исто време, тој започнал да живее во релативна изолација, често не се гледаал дури ни со своите блиски пријатели (како Левинас) со години, и наместо тоа, тој целосно се оддал на пишување долги писма до нив. Како една од причините за таа негова изолација бил и фактот што тој поголемиот дел од својот живот имал здравствена состојба.

Морис Бланшо бил еден од главните автори на „''Манифест 121''“, именуван по бројот на неговите потписници, меѓу кои Жан Пол Сартр, Роберт Антелм, Ален Роб Грије, Маргерит Дирас, Рене Шар, Анри Лефевр, Ален Рене, Симон Сињоре и други. Според манифестот, потписниците се залагале за признавање на Алжирската војна како легитимна борба за независност, осудувајќи ја употребата на тортура од страна на француската војска. Во мај 1968 година, Бланшо дал подршка на студентските протести. Тоа бил неговиот единствен јавен настап по војната. Во текот на последните години од неговиот живот, тој во неколку наврати пишувал против интелектуална атракција на фашизмот.

Морис Бланшо починал во февруари 2003 година, на 95-годишна возраст.

Творештво[уреди | уреди извор]

Креативниот пат на Бланшо започнал во годините на Втората светска војна со романите „Темниот Тома“ (1941) и „Аминадав“ (1942).

По војната Бланшо ги напишал повелбите: „Кај смртта“ (1948), „Во посакуваниот миг“ (1951), „Последниот човек“ (1957) и.т.н. Во исто време започнала и неговата активност како критичар и есеист; неговите многубројни статии се собрани во книгите „Лотреамон и Сад“ (1949) и „Осудени на огнот“ (1949).

Дела[уреди | уреди извор]

Белетристика
  • Thomas l'Obscur, 1941
  • Aminadab, 1942
  • L'Arrêt de mort, 1948
  • Le Très-Haut, 1949
  • Le Pas au-delà, 1973
  • La Folie du jour, 1973
  • L'Instant de ma mort, 1994
Филозофски и литературни трудови
  • Faux Pas, 1943
  • La Part du feu, 1949
  • L'Espace littéraire, 1955
  • Le Livre à venir, 1959
  • L'Entretien infini, 1969
  • L'Amitié, 1971
  • L'Ecriture du désastre, 1980
  • La Communauté inavouable, 1983
  • Une voix venue d'ailleurs, 2002

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Taylor, Victor E.; Vinquist, Charles E. (2002). Encyclopedia of Postmodernism. London: Routledge. стр. 36. https://books.google.co.uk/books?id=huGEAgAAQBAJ&pg=PA36&dq=blanchot+22+1907&hl=en&sa=X&ei=ilHbU-HsHdSw7AaNrIDYBQ&ved=0CCkQ6AEwAg#v=onepage&q=blanchot%2022%201907&f=false. посет. 1 август 2014 г. 
  2. Zakir, Paul (2010). „Chronology“. Maruice Blanchot: Political Writings 1953-1993. Fordham University Press. стр. 36. https://books.google.co.uk/books?id=RWI6vH-ZcxgC&pg=PR57&lpg=PR57&dq=blanchot+27+1907&source=bl&ots=4iO415AmwB&sig=a-dXdH_mLkKfgINt0nBofRJi_Vo&hl=en&sa=X&ei=E1HbU_uzCaby7AaEuoHgAg&ved=0CCYQ6AEwATgo#v=onepage&q=blanchot%2027%201907&f=false. 
  3. Obituary: Maurice Blanchot“, „The Guardian“, 1 март 2003 (посет. 1 август 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]