Морисонова јама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Морисонов меѓупростор (*) меѓу црниот дроб (лево) и десниот бубрег (десно)
Морисонов меѓупростор (*) со слободна течност

Морисонова јама (англиски: Morison's Pouch, Морисонова ташна, Recessus morisoni, Recessus hepatorenalis) претставува меѓупростор во стомачната празнина кој се наоѓа помеѓу црниот дроб и десниот бубрег. Неговиот заден ѕид е формиран од десниот бубрег, а неговиот преден ѕид е формиран од задниот ѕид на десниот лобус на црниот дроб.

Морисоновата јама е именувана по британскиот хирург Џејмс Радерфорд Морисон (1853–1939).

Овој простор е од особено значење во ултразвучната дијагностика, особено при барање на насобрана течност во стомачната празнина: кај лице кое лежи на грб, овој простор е најдлабоката точка во абдоминалната празнина, така што течностите, на пример крв во случај на повреда на внатрешните органи или асцит во случај на болест на црниот дроб, се акумулираат во овој простор и можат да се препознаат дури и од неискусни корисници на ултразвук. Присуството на течност (таканаречена „слободна течност“) во овој простор или во ректоутериниот простор (Даглас-просторот) кај женски пациенти, односно во ректовезикалниот простор (Проуст-просторот) кај машки пациенти обично доведува до промена на терапијата во случај повеќекратни повреди, поради причината што внатрешното крварење, на пример пукната слезина која крвари во стомачната празнина е повеќе животозагрозувачко отколку повреда на екстремитетите.

Насобирање на течност на левата страна се бара во т.н. Колер-простор.

Веб-врски[уреди | уреди извор]


    Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување
во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето).