Море на љубовта (филм од 1989)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Море на љубовта“
РежисерХаролд Бекер
ПродуцентМартин Брегман
Луис А. Стролер
СценаристРичард Прајс
Главни улогиАл Пачино
Елен Баркин
Џон Гудмен
МузикаТревор Џонс
КинематографијаРони Тејлор
МонтажаДавид Бретертон
СтудиоUniversal Pictures
ДистрибутерUniversal Pictures
ПремиераСептември 15, 1989
Времетраење113 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$19 million
Бруто заработка$110,879,513

Море на љубовта (англиски: Sea of Love) - американски филм од 1989 година, во режија на Харолд Бекер, според сценариото на Ричард Прајс. Главните улоги ги играат: Ал Пачино, Елен Баркин, Џон Гудмен, Мајкл Рукер, Ричард Џенкинс, Пол Калдерон, Барбара Баксли и Патриша Бери.[1] Филмот е исполнет со еротика и со полициска акција, а во него доминираат уверливите еротски сцени на Пачино и Баркин. Исто така, и Гудмен одлично ја игра својата улога, а критичарите особено го фалат сценариото на Прајс.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Френк Келер (го игра Пачино), детектив во одделот за убиства, е човек кој поминува низ кризата на средните години: чувствува дека старее, жената го напуштила, осамен е и се прашува дали добро го искористил својот живот. Нему му доделуваат еден замрсен случај на убиство. Жртвата е маж кој е убиен в кревет, а убиецот најверојатно е жена. Истражувајќи го убиството, Френк се поврзува со детективот Шерман Тауи (го игра Гудмен) кој работел на сличен случај и тие го истражуваат случајот. Тие откриваат дека двете жртви ги поврзува тоа што дале оглас во списание за самци. Оттука, одлучуваат и тие да дадат оглас во списанието и да се сретнат со сите жени кои ќе се јават на огласот со цел да го пронајдат убиецот. Врз основа на отисоците од прстите на една чаша, тие го откриваат можниот убиец. Можниот убиец е една жена, Хелен Кругер (ја игра Баркин), но Френк кон неа чувствува силна привлечност. Занемарувајќи ги полициските правила, тој се впушта во неа во емотивно-еротична врска.[3] Во една прилика, Френк се преплашува кога наоѓа пиштол во нејзината чанта, но дознава дека не е вистински, а потоа тие водат љубов. Потоа, Френк наоѓа докази кои можат да ја осомничат Хелен за убиствата и ја испрашува. Хелен не признава дека е убиецот, ама Френк е сигурен во тоа и ја брка од дома. Потоа, во станот на Френк влегува насилен човек кој се вика Тери (всушност, тој е вистинскиот убиец), поранешниот маж на Хелен кој ги убивал мажите со кои Хелен имала сексуални односи. Тој му се заканува на Френк со пиштол и го принудува да легне на креветот и да му покаже како водел љубов со Хелен. Френк го искористува ова како можност да го разоружи Тери и да се бори со него при што е принуден да го фрли низ прозорецот и Тери умира. На крајот од филмот, Френк ѝ се извинува на Хелен и тие повторно се заедно.

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]